User manual

За да овозможите најдобра работа
на Вашиот апарат, Ви
препорачуваме да користите
посебен препарат за чистење на
машини за садови еднаш месечно.
Следете ги внимателно упатствата
на амбалажата на производот.
12. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Апаратот не се вклучува или
прекинува додека работи. Пред да го
повикате Овластениот сервисен
центар, проверете дали можете сами
да го решите проблемот или со помош
на информациите дадени во табелата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Поправки кои не се
правилно направени може
да имаат сериозни
последици по безбедноста
на корисникот. Секоја
поправка мора да биде
направена од
квалификуван кадар.
Кај некои проблеми, екранот
покажува шифра за аларм.
Поголемиот број проблеми кои
може да се појават може да се
решат без да има потреба од
контакт со Овластениот сервисен
центар.
Проблем и шифра за
аларм
Можни причини и решение
Не можете да го
вклучите апаратот.
Проверете дали приклучокот за струја е вклучен
во штекерот.
Проверете дали има оштетен осигурувач во
таблата со осигурувачи.
Програмата не стартува. Проверете дали вратата на апаратот е
затворена.
Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја
поставката или почекајте да заврши
одбројувањето.
Апаратот ја започна процедурата за промена на
јони во омекнувачот на вода. Времетраењето на
процедурата е околу 5 минути.
Машината не се полни со
вода.
На екранот се прикажува
.
Проверете дали е отворена славината за вода.
Проверете да не е многу низок притисокот во
доводот за вода. За овие информации, јавете се
во локалното водостопанство.
Проверете да не е затната славината за вода.
Внимавајте филтерот во доводното црево да не е
затнат.
Проверете доводното црево да не е засукано или
свиткано.
МАКЕДОНСКИ 21