User manual

садовите. Со програмата ECO
добивате најефикасна
потрошувачка на вода и енергија за
нормално валкани садови и прибор
за јадење.
10.2 Употреба на сол,
средство за плакнење и
детергент
Користете само сол, средство за
плакнење и детергент за машини за
миење садови. Други производи
може да предизвикаат оштетување
на апаратот.
Мулти - таблетите се обично
погодни за области каде тврдоста
на водата е до 21 °dH. Во области
кои го пречекоруваат овој лимит,
средството за плакнење и солта
мора да се користат како додаток
на мулти-таблетите. Сепак, во
области каде има тврда и многу
тврда вода препорачуваме да се
користи само детергент (во прав,
гел, таблети со дополнителни
функции), средство за плакнење и
сол одделно за оптимално чистење
и резултати при чистењето.
Ако користите мулти-таблети може
да користите опција Multitab (ако е
достапна). Оваа опција ги
подобрува резултатите на чистење
и сушење со користење на мулти-
таблети.
Таблетите со детергент не се
раствораат целосно со кратките
програми. За да спречите појава на
талог од детергент на садовите, ви
препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
производителот на детергентот.
10.3 Што да направите ако
сакате да престанете да
користите мулти-таблети
Пред да започнете засебно да
користите детергент, сол и средство
за плакнење направете ја следната
процедура.
1. Поставете го највисокото ниво на
омекнувачот на вода.
2. Проверете дали садот за сол и
дозерот за средство за плакнење
се полни.
3. Стартувајте ја најкратката
програма со фазата за плакнење.
Не додавајте детергент и не
полнете ги корпите.
4. Кога ќе заврши програмата,
нагодете го омекнувачот на вода
според тврдоста на водата во
Вашата област.
5. Приспособете го испуштеното
количество средство за плакнење.
10.4 Полнење на корпите
Користете го апаратот за да миете
садови кои се сигурни за машина за
миење на садови.
Не ставајте во апаратот предмети
кои се направени од дрво, габрово
дрво, алуминиум, калај и бакар.
Не ставајте во апаратот предмети
што впиваат вода (сунѓери,
домашни алишта).
Отстранете ја преостанатата храна
од предметите.
Омекнете ја преостанатата
загорена храна на предметите.
Ставете ги шупливите предмети
(шолји, чаши и тави) со отворот
надолу.
Погрижете се приборот за јадење и
садовите да не се допираат.
Измешајте ги лажиците со другите
садови.
Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
Ставете ги малите предмети во
корпата за прибор за јадење.
Ставете ги лесните предмети во
горната корпа. Погрижете се
предметите да не се движат.
Проверете дали прскалката може
да се движи слободно пред да
почнете програма.
10.5 Пред започнување
програма
Погрижете се:
МАКЕДОНСКИ 17