User manual

8. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
Кога го вклучувате апаратот по
првпат, потребно е да го поставите
јазикот и времето. Фабрички поставен
јазик е англиски.
1. Поставување на јазикот
Притиснете го копчето OK за да
го потврдите англискиот јазик.
Изберете нов јазик, а потоа
притиснете го копчето OK за
потврдување.
2. Поставете го времето, а потоа
притиснете го копчето OK за
потврдување.
3. Проверете дали поставеното
ниво на омекнувачот на водата е
соодветно за тврдоста на
водата во вашата област. Ако
не, регулирајте го нивото на
омекнувачот за вода.
4. Наполнете го садот за сол.
5. Наполнете го дозерот за средство
за плакнење.
6. Отворете ја славината за вода.
7. Стартувајте програма за да ги
отстраните сите преработени
остатоци кои можат да бидат во
внатрешноста на апаратот. Не
користете детергент и не полнете
ги корпите.
Кога ќе ја стартувате програмата, на
апаратот му требаат 5 минути за да ги
промени јоните во омекнувачот за
вода. Изгледа дека апаратот не
работи. Фазата на миење започнува
кога оваа процедура ќе заврши.
Процедурата ќе биде повторена
периодично.
8.1 Омекнувач за вода
Омекнувачот за вода ги отстранува
минералите од доводот на вода, кои
би имале штетен ефект врз
резултатите на миењето и врз
апаратот.
Колку е поголема содржината на
минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се
мери со еквивалентни скали.
Омекнувачот треба да се регулира
според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално
водостопанство може да ви каже
колкава е тврдоста на водата во
вашето подрачје. Важно е да го
поставите вистинското ниво на
омекнувач за вода за да добиете
добри резултати при миењето.
Тврдост на вода
Германски
степени (°dH)
Француски
степени (°fH)
mmol/l Кларкови
степени
Ниво на
омекнувач на
вода
47 - 50 84 - 90 8.4 - 9.0 58 - 63 10
43 - 46 76 - 83 7.6 - 8.3 53 - 57 9
37 - 42 65 - 75 6.5 - 7.5 46 - 52 8
29 - 36 51 - 64 5.1 - 6.4 36 - 45 7
23 - 28 40 - 50 4.0 - 5.0 28 - 35 6
19 - 22 33 - 39 3.3 - 3.9 23 - 27
5
1)
15 - 18 26 - 32 2.6 - 3.2 18 - 22 4
11 - 14 19 - 25 1.9 - 2.5 13 - 17 3
4 - 10 7 - 18 0.7 - 1.8 5 - 12 2
МАКЕДОНСКИ 39