User manual

Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека
програмата работи, апаратот
престанува да работи. Тоа може да
влијае врз потрошувачката на енергија
и времетраењето на програмата. Кога
ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Ако вратата е отворена
повеќе од 30 секунди за
време на фазата на
сушење, програмата
којашто е во тек ќе заврши.
Ова нема да се случи кога
работи програмата ECO со
AutoOpen.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Кога откажувате одложен почеток,
програмата и опциите се поставени на
нивните фабрички вредности.
1. Отворете ја вратата на апаратот.
2. Притиснете го и задржете го
Program околу 3 секунди, додека
на екранот не се прикаже Сакате
да го откажете миењето?.
Изберете Повтори и притиснете
OK за да продолжи
одбројувањето. Затворете ја
вратата на апаратот.
Изберете Стоп и притиснете OK
за да го откажете одложениот
почеток.
Откажување програма во тек
Кога откажувате програма во
функција, програмата и опциите се
поставени на нивните фабрички
вредности.
1. Отворете ја вратата на апаратот.
2. Притиснете го и задржете го
Program околу 3 секунди, додека
на екранот не се прикаже Сакате
да го откажете миењето?.
Изберете Повтори и притиснете
OK за да продолжи програмата
што била во функција.
Затворете ја вратата на
апаратот.
Изберете Стоп и притиснете OK
за да ја откажете програмата
што е во функција.
Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши, TimeBeam
ќе ги прикаже 0:00 и CLEAN. Апаратот
автоматски се исклучува кога ќе ја
отворите вратата.
Затворете ја славината за вода.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Општо
Следните совети овозможуваат
оптимални резулатите при чистењето
и сушењето во секојдневната
употреба и исто така помагаат при
заштита на околината.
Фрлете ги поголемите остатоци на
храна од садовите во канта за
отпадоци.
Не плакнете ги садовите рачно.
Кога е потребно, користете ја
програмата за претперење (ако е
достапна) или одберете програма
со фаза за претперење.
Секогаш користете го целиот
простор од корпите.
Кога го полните апаратот,
внимавајте млазот вода од
прскалките целосно да досига до
садовите за да ги измие добро.
Проверете дали садовите се
допираат или се покриваат едни со
други.
Можете да користите детергент за
машина за миење садови, средство
за плакнење и сол посебно или
можете да користите мулти-таблети
( на пр. „3 во 1“ „4 во 1“, „Се во 1“).
Следете ги упатствата наведени на
пакувањето. Мулти-таблетите се
МАКЕДОНСКИ 43