User manual

3. Измијте ја прскалката под чешма.
Употребете тенок остар алат, на
пр. чепкалка за да ги извадите
делчињата нечистотија од дупките.
4. За да ја ставите прскалката во
корпата, притиснете ја прскалката
нагоре во правец прикажан со
долната стрелка и истовремено
свртете ја налево.
11.4 Надворешно чистење
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа.
Користете само неутрални
детергенти.
Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи.
11.5 Чистење на
внатрешноста
Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
Ако редовно користите кратки
програми, тие можат да остават
остатоци од маснотии и бигор во
внатрешноста на апаратот. За да го
спречите тоа, ви препорачуваме да
користите долги програми барем 2
пати месечно.
За да овозможите најдобра работа
на Вашиот апарат, Ви
препорачуваме да користите
посебен препарат за чистење на
машини за садови еднаш месечно.
Следете ги внимателно упатствата
на амбалажата на производот.
12. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Апаратот не се вклучува или
прекинува додека работи. Пред да
повикате Овластен сервисен центар,
проверете дали можете да го решите
проблемот сами или со помош на
информациите дадени во табелата.
Кај некои проблеми, на екранот се
појавува порака.
МАКЕДОНСКИ 47