User manual

Ако програмата е применлива за
опцијата TimeSaver, ќе треба да го
потврдите Брза или Нормална.
4. Затворете ја вратата на апаратот
за да ја вклучите програмата
Како да го одложите
почетокот на програмата
Не може да се постави одложен
почеток со програмата MyFavourite.
1. Поставете ги опциите според
желбите.
2. Одберете ја областа Одложен
почеток.
3. Притиснете го копчето OK.
На екранот се прикажува листата со
програми.
4. Изберете програма.
5. Притиснете го копчето OK за
потврдување.
Екранот ги прикажува 3 колони за
одложениот почеток.
6. Изберете го бројот на часови за
одложениот почеток.
7. Притиснете го копчето OK за
потврдување.
8. Затворете ја вратата на апаратот
за да почне одбројувањето за
одложениот почеток.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата за перење започнува
автоматски.
Стартување на програмата
MyFavourite
1. Притиснете го и задржете го OK
околу 3 секунди, додека на екранот
не се прикаже поставката
MyFavourite.
2. Затворете ја вратата на апаратот
за да ја вклучите програмата.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека
програмата работи, апаратот
престанува да работи. Тоа може да
влијае врз потрошувачката на енергија
и времетраењето на програмата. Кога
ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Ако вратата е отворена
повеќе од 30 секунди за
време на фазата на
сушење, програмата
којашто е во тек ќе заврши.
Ова нема да се случи кога
работи програмата ECO со
AutoOpen.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Кога откажувате одложен почеток,
програмата и опциите се поставени на
нивните фабрички вредности.
1. Отворете ја вратата на апаратот.
2. Притиснете го и задржете го
Program околу 3 секунди, додека
на екранот не се прикаже Сакате
да го откажете миењето?.
Изберете Повтори и притиснете
OK за да продолжи
одбројувањето. Затворете ја
вратата на апаратот.
Изберете Стоп и притиснете OK
за да го откажете одложениот
почеток.
Откажување програма во тек
Кога откажувате програма во
функција, програмата и опциите се
поставени на нивните фабрички
вредности.
1. Отворете ја вратата на апаратот.
2. Притиснете го и задржете го
Program околу 3 секунди, додека
на екранот не се прикаже Сакате
да го откажете миењето?.
Изберете Повтори и притиснете
OK за да продолжи програмата
што била во функција.
Затворете ја вратата на
апаратот.
Изберете Стоп и притиснете OK
за да ја откажете програмата
што е во функција.
МАКЕДОНСКИ 41