User manual

11.5 Чистење на
внатрешноста
Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
Ако редовно користите кратки
програми, тие можат да остават
остатоци од маснотии и бигор во
внатрешноста на апаратот. За да го
спречите тоа, ви препорачуваме да
користите долги програми барем 2
пати месечно.
За да овозможите најдобра работа
на Вашиот апарат, Ви
препорачуваме да користите
посебен препарат за чистење на
машини за садови еднаш месечно.
Следете ги внимателно упатствата
на амбалажата на производот.
12. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Апаратот не се вклучува или
прекинува додека работи. Пред да
повикате Овластен сервисен центар,
проверете дали можете да го решите
проблемот сами или со помош на
информациите дадени во табелата.
Кај некои проблеми, на екранот се
појавува порака.
Проблем Можно решение
Не можете да го вклучите
апаратот.
Проверете дали приклучокот за струја е
вклучен во штекерот.
Проверете дали има оштетен осигурувач во
таблата со осигурувачи.
Програмата не почнува да
работи.
Проверете дали вратата на апаратот е
затворена.
Доколку е поставен одложен почеток,
откажете ја поставката или почекајте да
заврши одбројувањето.
Апаратот ја започнал процедурата за
промена на јони внатре во омекнувачот за
вода. Оваа процедура трае околу 5 минути.
Машината не се полни со
вода.
На екранот е прикажана
пораката: Внимание: не е
можен довод на вода.
Проверете дали е отворена славината за
вода.
Проверете дали е многу низок притисокот во
доводот за вода. За овие информации, јавете
се во локалното водостопанство.
Проверете дали е затната славината за вода.
Проверете дали е затнат филтерот во
доводното црево.
Проверете дали доводното црево е засукано
или свиткано.
Апаратот не испушта вода.
На екранот е прикажана
пораката: Внимание: водата
не се цеди.
Проверете дали е затната одводната
славина.
Проверете одводното црево да не е засукано
или свиткано.
www.electrolux.com46