User manual

13.3 Перење за одржување
Повторливо и пролонгирано
користење програми со ниска
температура може да предизвика
таложење наслаги од детергент,
влакненца, развој на бактерии внатре
во барабанот и кадата. Ова може да
генерира непријатни миризби и влага.
За да ги елиминирате овие наслаги и
да го исчистите внатрешниот дел од
апаратот, редовно пуштајте перење за
одржување (барем еднаш месечно).
Видете во поглавјето
Чистење на барабанот.
13.4 Пломба за врата со
двојна клапна
Овој апарат е направен со само
чистечки систем за цедење, кој
овозможува малите влакненца кои
паѓаат од алиштата да се цедат со
водата, и на тој начин корисникот
нема потреба да оди во таа област за
редовно да ја оддржува и да ја чисти.
Редовно проверувајте ја пломбата и
извадете ги сите предмети од
внатрешниот дел. Ситни парички,
копчиња, други ситни предмети во
џеповите на вашите алишта се
наталожуваат за време на циклусот на
перење во специјална двојна клапна
во плобмата на прозорчето каде може
лесно да се вратат на крајот од
циклусот.
13.5 Чистење на барабанот
Редовно проверувајте го барабанот за
да се спречите формирање несакани
наслаги.
Формирањето на наслаги во баработ
може да се појави како разултат на
надворешно тело кое предизвикува
рѓе или заради тоа што водата од
водоводот содржи железо
Исчистете го барабанот со специјално
средство за не'рѓосувачки челик.
Секогаш следете ги
упатставата кои може да
ги најдете на амбалажата
на производот.
Не чистете го барабанот
со средства против бигор
што содржат киселина,
жица за стружење со хлор
или со железна или
челична волна.
За темелно чистење:
1. Извадете ги сите алишта од
барабанот.
2. Стартувајте ја програмата Cotton
со највисока температура
3. Додадете мала количина на
детергент во прав во празниот
барабан, за да ги исплакнете сите
преостанати остатоци.
Од време на време, на
крајот од циклусот екранот
може да ја прикаже
иконата : тоа
претставува совет да
направите „чистење на
барабанот“. Откако сте го
исчистиле барабанот
иконата исчезнува.
13.6 Чистење на дозерот за
детергент
За да спречите таложење наслаги од
исушен детергент или задтнување со
омекнувач за ткаенини и/или
формирање мувла во фиоката за
дозирање детергент, повремено
спроведувајте процедура за чистење:
1. Отворете ја фиоката. Притиснете
ја рачката надолу како што е
опишано на сликата и извлечете ја
надвор.
www.electrolux.com30