User manual

14. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
14.1 Вовед
Апаратот не се вклучува или прекинува додека работи.
Прво, обидете се да најдете решение за проблемот (погледнете во табелата).
Ако повторно се појави проблемот, контактирајте со Овластен сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Исклучете го апаратот од струја пред да вршите каква било
проверка.
Во случај на поголеми проблеми, се активираат звучните сигнали, екранот
прикажува код за тревога, а копчето Старт/Пауза може континуирано да
трепка:
- Напојувањето со струја е нестабилно. Почекајте додека не се
стабилизира напојувањето со струја.
- Нема комуникација меѓу електронските елементи на апаратот.
Исклучете го и повторно вклучете го. Програмата не завршила правилно или
апаратот запрел многу рано. Ако повторно се појави алармот, контактирајте
со Овластен сервисен центар.
- Апаратот не ја испушта водата.
- Вратата на апаратот е отворена или не е правилно затворена.
Проверете ја вратата!
Ако апаратот е преполнет, извадете некои од алиштата од
барабанот и/или притискајте на вратата истовремено допирајќи го
копчето Старт/Пауза додека показното светло не престане
да трепка (видете ја сликата подолу).
www.electrolux.com34