User manual
Проблем Можно решение
На подот има вода.
• Проверете дали спојките на цревата за вода се
стегнати и дали протекува вода.
• Погрижете се цревото за довод на вода и цревото за
одвод на вода да не е оштетено.
• Проверете дали користите соодветен детергент и
соодветна количина од него.
Не можете да ја
отворите вратата на
апаратот.
• Проверете дали е поставена програма за перење
што завршува со вода во барабанот.
• Проверете дали е завршена програмата за перење.
• Поставете ја програмата за цедење или за
центрифугирање ако има вода во барабанот.
• Проверете дали апаратот прима струја.
• Овој проблем можеби е предизвикан од дефект на
апаратот. Стапете во контакт со Овластен сервисен
центар.
Апаратот прави
невообичаена бучава
и вибрира.
• Проверете дали апаратот е правилно нивелиран.
Видете во „Инструкции за монтажа“.
• Проверете дали е отстранета амбалажата и/или
транспортните завртки. Видете во „Инструкции за
монтажа“.
• Додајте уште алишта во барабанот. Полнењето со
алишта можеби е премало.
Времетраењето на
програмата се
зголемува или
намалува за време на
извршувањето на
програмата.
• Системот SensiCare може да го приспособува
времетраењето на програмата според типот и
количината на алишта за перење. Видете во
Системот SensiCare детекција на тежина“ во
поглавјето „Секојдневна употреба“.
Резултатите од
перењето не се
задоволителни.
• Зголемете го количеството детергент или
употребете друг.
• Користете специјални производи за да ги отстраните
тврдокорните дамки пред да ги перете алиштата.
• Проверете дали сте ја поставиле точната
температура.
• Намалете го полнењето со алишта.
Премногу пена во
барабанот за време
на циклусот на
перење.
• Намалете ја количината на детергент.
По циклусот на
перење, има остатоци
од детергент во
фиоката за детергент.
• Проверете дали клапната е во правилна положба
(ГОРЕ за детергент во прашок - ДОЛУ за течен
детергент).
• Проверете дали сте ја користеле фиоката за
детергент според индикациите наведени во ова
упатство за корисници.
www.electrolux.com36