Упатство за ракување Машина за перење EWF 12270W
electrolux Electrolux. Thinking of you. Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com Содржина Безбедносни информации Опис на производот Контролна табла Прва употреба Секојдневна употреба Помошни напомени и совети Програми за перење 2 4 6 8 9 11 14 Нега и чистење Што да сторите ако...
electrolux 3 • По користење, при чистење и одржување, секогаш исклучувајте го уредот од напојувањето со струја и затворете го доводот на вода. • Во никој случај не треба да се обидувате самите да ја поправате машината. Поправките изведени од страна на неискусен материјал може да предизвикаат повреда или сериозни грешки во работењето. Обратете се во локалниот сервисен центар. Секогаш инсистирајте на оригинални резервни делови. Инсталирање • Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога го преместувате.
electrolux • Чувајте ги сите детергенти на безбедно место, надвор од дофат на децата. • Уверете се дека децата или миленичињата нема да се качат во барабанот. За да спречите децата и миленичињата да се затворат во барабанот, машината е опремена со специјален додаток. За да го активирате овој уред, вртете го копчето (без притискање) во внатрешноста на машината во десно, додека жлебот не стои хоризонтално. Ако е потребно, употребете паричка.
electrolux 5 1 2 3 4 5 6 1 Фиока на дозерот за детергент 2 Контролна табла 3 Рачка за отворање на вратата фиока на дозерот за детергент Преграда за детергент, што се користи во фазата на претперење или киснење, или за средство за отстранување дамки, во фазата на дејство против дамките (доколку ја има). Детергентот за претперење и киснење се додава на почетокот од програмата за перење. Средството за отстранување дамки се додава во текот на фазата на дејство против дамките.
electrolux Табела со програми Со апаратот се испорачуваат разни табели со програми на разни јазици. Една е на предната страна на фиоката на дозерот за детергент, а другите се приложени со упатството за употреба. Табелата на фиоката може лесно да се замени: извадете ја табелата од фиоката влечејќи ја надесно и ставете ја табелата со саканиот јазик. Контролна табла Понатаму, програматорот, разните копчиња и екранот се означени со соодветните броеви наведени во табелата.
electrolux 7 Тркалце на програматорот Овозможува вклучување и исклучување на апаратот, како и одбирање програми. Намалување центрифуга Со притискање на ова копче можете да ја промените брзината на центрифугирање на избраната програма. Ноќен циклус Со одбирање на оваа функција машината нема да ја испушти водата од последното плакнење и сите фази за центрифугирање се исклучени за да не се истуткаат алиштата. Овој циклус за перење е многу тивок и може да се одбере за навечер или за периоди со поевтина струја.
electrolux Екран 5.2 Екранот ги прикажува следните информации: 5.1: • Траење на избраната програма По одбирањето програма, времетраењето се прикажува во часови и минути (на пример ). Траењето се пресметува автоматски врз база на максималното препорачано полнење за секој вид на материјал. Откако програмата ќе стартува, преостанатото време се ажурира секоја минута.
electrolux 9 барабанот и кадата. Турете 1/2 мерка детергент во фиоката за главно перење на дозерот и вклучете ја машината. Секојдневна употреба Полнење алишта Отворете ја вратата со внимателно влечење на рачката кон надвор. Ставете ги алиштата во барабанот, едно по едно, протресувајќи ги што е можно повеќе. Затворете ја вратата. Измерете детергент и омекнувач Извлечете ја фиоката од дозерот додека не застане.
electrolux ВНИМАНИЕ Ако го завртите програматорот на некоја друга програма, додека машината работи, црвената контролна сијалица од копчето 6 ќе трепне 3-пати и ќе се прикаже пораката Err за да укаже на погрешното бирање. Машината нема да ја изведува новата избрана програма. Намалете ја брзината на центрифугата со притискање на копчето 2 Кога ќе ја одберете саканата програма, апаратот автоматски ја предлага максималната брзина за центрифугирање овозможена за таа програма.
electrolux 11 Менување опција или пуштање програма Менувањето на некоја опција е можно пред програмата да ја изврши. Пред да направите каква било промена, мора да го ПАУЗИРАТЕ апаратот со притискање на копчето 6 . Менувањето на програма, која е во тек, е можно само ресетирање на програмата. Завртете го бирачот на програми на па потоа на положбата на новата програма. Почнете ја новата програма со повторно притискање на копчето 6 . Водата за перење во кадата нема да се испразни.
electrolux Температури 95° или 90° за нормално валкани бели памучни и ленени алишта (на пр. мали чаршафи за маса, пешкири, чаршафи за маса, постелнина...) 60°/50° за нормално валкани делови од облеката, со постојани бои (на пр. кошули, ноќници, пижами...) од памучни или синтетични влакна и за лесно валкани бели памучни (на пр. долна облека) 40°-30°студено за чувствителни предмети (на пр.
electrolux 13 Дамки од мувла: третирајте ги со белило и добро исплакнете (само за бели алишта и алишта со трајни бои). Трева: насапунете малку и третирајте со белило (само за бели алишта и алишта со трајни бои). Пенкало и лепило: натопете со ацетон 1), положете го делот од облеката на мека крпа и тапкајте ја дамката. Кармин: натопете со ацетон, како што е опишано погоре, па потоа третирајте ги дамките со метилни алкохоли. Третирајте ги сите преостанати трагови со белило.
electrolux Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимална брзина на центрифугирање Максимално полнење со алишта Вид на алиштата Опции Преграда за детергент ПАМУК 95°-30° Главно перење - Плакнење Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./ мин Макс. полнење 6 kg - Нам. полнење 3 kg 1) За бел и трајно обоен памук (нормално валкани предмети).
electrolux 15 Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимална брзина на центрифугирање Максимално полнење со алишта Вид на алиштата Опции СИНТЕТИКА 60°-30° Главно перење - Плакнење Максимална брзина на центрифугата 900 врт./мин Макс. полнење 3 kg - Нам. полнење 1,5 kg 1) Синтетички или мешани ткаенини: долна облека, шарена облека, кошули што не се туткаат, блузи.
electrolux Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимална брзина на центрифугирање Максимално полнење со алишта Вид на алиштата Опции Преграда за детергент ЦЕДЕЊЕ Цедење на водата Макс. полнење 6 kg За испуштање на водата од последното плакнење, кај програмите со избрана опција Запирање плакнење и Ноќен циклус. ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ Цедење и долго центрифугирање Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./ мин Макс.
electrolux 17 ВАЖНО Немојте за чистење на кабинетот да користете метилирани алкохоли, растворувачи или слични производи. 5. Со четка исчистете ги сите делови од машината за перење, посебно дизните во горниот дел од комората за вмивање. Чистење на фиоката на дозерот Фиоката на дозерот за детергент треба да се чисти редовно. 1. Извадете ја фиоката на дозерот за детергент извлекувајќи ја цврсто. Отстранете ги сите трагови од наталожениот прашак.
electrolux Одводна пумпа Пумпата треба редовно да се проверува и тоа особено ако: • машината не испушта и/или центрифугира • машината испушта невообичаени звуци за време на цедењето, поради предмети, како на пр., безопасни, парички итн., кои ја блокираат пумпата. Постапете вака: 1. Исклучете го уредот. 2. Доколку е потребно, почекајте додека водата не се излади. 3. Отворете ја вратата од пумпата. 4. Ставете некаков сад блиску до пумпата за да ја соберете водата, што евентуално ќе истече. 5.
electrolux 19 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Доколку уредот работел, а зависно од избраната програма, во пумпата може да има жешка вода. Никогаш не вадете го капакот од пумпата за време на циклус на перење, секогаш почекајте уредот да го заврши циклусот и да биде празен. Кога го враќате капакот на место, уверете се дека е цврсто затегнат за да ги спречите протекување и можноста децата да го одвртат.
electrolux 5. ставете длабок сад на подот и ставете го крајот од цревото за итно празнење во него. Извадете го капачето од него. Водата треба да се исцеди во садот по слободен пад. Откако садот ќе се наполни, вратете го капачето на цревото. Испразнете го садот. Повторувајте ја постапката додека водата не престане да тече; 6. доколку е потребно, исчистете ја пумпата на погоре опишаниот начин; 7. откако ќе го затворите со капачето, вратете го цревото за итно празнење на место; 8.
electrolux 21 Проблем Веројатна причина/Решение Машината не зема вода: Славината за вода е затворена. • Отворете ја славината. Доводното црево е згмечено или превиткано. • Проверете го приклучокот на доводното црево. Филтрите во доводното црево или во доводниот вентил се затнати. • Исчистете ги филтрите во доводот на вода (повеќе детали ќе најдете во "Чистење на филтрите во доводот на вода"). Вратата не е правилно затворена. • Добро затворете ја вратата.
electrolux Проблем Веројатна причина/Решение Машината вибрира или е премногу бучна: Транспортните клинови и амбалажата не се отстранети. • Проверете дали апаратот е правилно монтиран. Потпорните ногалки не се регулирани • Проверете дали апаратот е правилно нивелиран. Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот. • Одново распоредете ги алиштата. Можеби има премалку алишта во барабанот. • Ставете повеќе алишта.
electrolux 23 Потрошувачки вредности Програма Потрошувачка на струја (kWh) Потрошувачка на вода (литри) Бели памучни 95° 2.1 65 Памучни 60° 1.4 60 Памучни ЕКОНОМИЧНО 60° 1) 1.02 54 Памучни 40° 0.77 60 Синтетика 40° 0.6 54 Чувствителни 40° 0.60 63 Волна/ Перење на рака 30° 0.25 55 Траење на програмата (минути) За траењето на програмите, погледнете го екранот на контролната табла.
electrolux 5. Отворете го прозорецот и извадете го блокот од стиропор, монтиран на дихтунгот од вратата. 3. Одвртете ги трите клина. 4. Извлечете ги соодветните пластични разделници. 6. Затворете ги помалата горна дупка и двете поголеми со соодветните пластични затки, испорачани во вреќичката со упатството.
electrolux 25 Поставување во положба Монтирајте ја машината на рамен, тврд под. Уверете се дека струењето на воздухот околу машината не е попречено од теписи, черги итн. Проверете дали машината ги допира ѕидот или кујнските елементи. Нивелирајте ја машината за перење со подигање или спуштање на ногалките. Можно е, регулирањето на ногалките да оди тешко, бидејќи имаат навртка за само-заклучување, но машината МОРА да биде нивелирана и стабилна. Ако е потребно, проверете го поставувањето со помош на либела.
electrolux нагодете го аголот на цревото кон лево или кон десно, зависно од положбата на славината за вода. 3. Правилно наместете го цревото со олабавување на прстенестата навртка. Откако ќе го поставите доводното црево, проверете дали прстенестата навртка е добро прицврстена за да избегнете протекување. Доводното црево не смее да се продолжува. Ако е премногу кратко и ако не сакате да ја преместувате славината, ќе треба да купите ново, подолго црево, специјално наменето за овој тип на примена.
electrolux 27 Одводното црево може да се продолжува до максимум 4 метри. Дополнително одводно црево и елемент за поврзување можете да набавите во вашиот локален сервисен центар. Поврзување на струјата Информации за поврзувањето на електриката се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на уредот. Проверете дали вашата домашна електрична инсталација може да го носи потребното максимално оптоварување, притоа земајќи ги предвид и останатите користени уреди.
www.electrolux.