User manual

Одводна пумпа
Пумпата треба редовно да се проверува
и тоа особено ако:
апаратот не испушта и/или не
центрифугира;
апаратот испушта невообичаени
звуци за време на цедењето поради
предмети, како на пр., безопасни,
парички итн., кои ја блокираат
пумпата.
се открие проблем кај системот за
испуштање на водата (за повеќе
детали, погледнете го поглавјето „Што
да сторите ако...“).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да ја
отворате вратата од пумпата,
исклучете го апаратот и извадете го
штекерот од приклучокот за струја.
Постапете вака:
1. Извлечете го штекерот на апаратот.
2. Доколку е потребно, почекајте
додека водата не се излади.
3. Отворете ја вратата од пумпата.
4. Ставете сад до пумпата за да се
собере истуреното.
5. Извлечете го цревото за итно
испуштање, ставете го во садот и
извадете му го капачето.
6. Откако водата ќе престане да тече,
одвртете го капакот на пумпата
вртејќи го во лево и извадете го
филтерот. Користете клешти, ако е
потребно. Секогаш држете некаква
крпа во близина за да ја соберете
истурената вода кога го вадите
капакот.
Исчистете го филтерот под млаз
вода за да ги отстраните сите
влакненца.
7. Отстранете ги страните тела и
влакненцата од лежиштето на
филтерот и роторот на пумпата.
46 electrolux