User manual

Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
што може лесно да се решат без викање
сервисер. Пред да се обратите во
вашиот локален сервисен центар, прво
изведете ги следните проверки.
Додека машината работи, можно е
црвената контролна сијалица од копчето
8 да трепка, на екранот да се појави
некоја од следните шифри за тревога и
на секои 20 секунди да се огласува
звучен сигнал, за да укажат дека
машината не работи:
: проблем со доводот на вода.
: проблем со испуштањето вода.
: вратата е отворена.
Откако ќе го решите проблемот,
притиснете го копчето 8 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по
сиве овие проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
Пречка Веројатна причина/Решение
Машината за перење не стартува:
Вратата не е затворена.
Цврсто затворете ја вратата.
Штекерот не е правилно вметнат во
приклучницата.
Вметнете го штекерот во приклучницата.
Во приклучницата нема струја.
Проверете ја домашната електрична
инсталација.
Избил главниот осигурувач.
Заменете го осигурувачот.
Програматорот не е правилно поставен, а
копчето 8 не е притиснато.
Завртете го програматорот и повторно
притиснете го копчето 8 .
Избрано е одложено почнување.
Доколку алиштата треба да се перат
веднаш, откажете го одложениот старт.
Активирана е БЕЗБЕДНОСНАТА БЛОКАДА
ЗА ДЕЦА.
Исклучете го уредот.
Машината не зема вода:
Славината за вода е затворена.
Отворете ја славината.
Доводното црево е згмечено или
превиткано.
Проверете го приклучокот на доводното
црево.
Филтрите во доводното црево или во
доводниот вентил се затнати.
Исчистете ги филтрите на доводот на вода
(повеќе детали ќе најдете во „Чистење на
филтрите на доводот на вода“).
Вратата не е правилно затворена.
Цврсто затворете ја вратата.
Машината зема вода и веднаш ја испушта:
Крајот на одводното црево е поставен
премногу ниско.
Погледнете го соодветниот пасус во
поглавјето „Испуштање вода“.
electrolux 49