User manual
10. ДНЕВНА УПОТРЕБА
10.1 Користење на сензори за
тежина
За точна употреба на
сензорот за тежина.
барабанот мора да биде
празен кога го вклучувате
апаратот.
Поставете ја програмата
ПРЕД да ги ставите
алиштата во барабанот.
10.2 Вклучување на
машината
Притиснете го копчето за да ја
вклучите или исклучите машината. Се
огласуваат звуци на мелодија кога ќе
се активира машината.
10.3 Поставување програма
1. Притиснете една допирните
површини за да ја поставите
потребната програма:
• Показното светло трепка.
• Се пали показното светло за
соодветната програма.
• На екранот се прикажуваат сите
информации за програмата за
перење.
2. Доколку е неопходно, променете ја
температурата, брзината на
центрифугата, времетраењето на
циклусот, или додадете ги
достапните опции.
Кога вклучувате опција, се вклучува
показното светло за поставената
опција.
Ако поставите нешто
погрешно, на екранот се
прикажува дека изборот е
невозможен.
10.4 Полнење со алишта
1. Отворете ја вратата на апаратот.
На екранот се прикажува тежината на
алиштата и максималното
полнење за програмата .
Линијата со текст ви укажува да
додадете алишта.
2. Ставете ги алиштата во
барабанот, едно по едно парче.
Протресете ги алиштата пред да
ги ставите во апаратот.
На екранот, тежината на алиштата се
ажурира во чекори од 0,5 kg. Тежината
е општа ознака која се менува со
видот на алиштата.
Кај програмите со
максимално декларирано
полнење, ако ставите
многу алишта, линијата со
текст ви укажува дека
полнењето е завршено. Кај
другите програми,
показното светло MAX
трепка и линијата со текст
ви укажува дека
максималното полнење е
надминато. За да добиете
оптимална потрошувачка и
најдобри перформанси
извадете некое парче од
алиштата.
3. Добро затворете ја вратата.
Линијата со текст ја прикажува
количината на детергент што може да
се користи. Ако сте ги поставилe
“Поставете доза детергент 1“ и
“Поставете доза детергент 2”,
екранот ја прикажува алтернативата
помеѓу двата вида детергент.
www.electrolux.com18