User manual
Проблем Можно решение
Апаратот не се полни
правилно со вода.
• Проверете дали е отворена славината за вода.
• Проверете дали е многу низок притисокот во
доводот за вода. За овие информации, јавете се во
локалното претпријатие за водовод.
• Проверете дали е затната славината за вода.
• Проверете да не се затнати филтерот на доводното
црево и филтерот на вентилот. Погледнете во „Нега
и чистење“.
• Проверете дали доводното црево е засукано или
свиткано.
• Проверете дали е правилно поврзано цревото за
довод на вода.
• Проверете дали доводните црева се правилно
поврзани.
Апаратот не се полни
со вода и веднаш ја
испушта.
• Проверете дали одводното црево е во правилна
положба. Цревото може да е поставено многу ниско.
Видете во „Инструкции за монтажа“.
Апаратот не испушта
вода.
• Проверете дали е затната одводниот сливник.
• Проверете да не е засукано или свиткано одводното
црево.
• Проверете дали одводното црево е правилно
поврзано.
• Поставете ја опцијата за цедење доколку
поставувате програма без фаза на цедење.
• Поставете ја опцијата за цедење доколку
поставувате опција што завршува со вода во
барабанот.
• Проверете да не е затнат одводниот филтер.
Исчистете го филтерот доколку е потребно.
Погледнете во „Нега и чистење“.
• Ако повторно се појави проблемот, контактирајте со
Овластен сервисен центар.
Фазата на центрифуга
не работи или
циклусот на перење
трае подолго од
вообичаено.
• Поставете ја опцијата за центрифугирање.
• Поставете ја опцијата за цедење доколку
поставувате опција што завршува со вода во
барабанот.
• Проверете да не е затнат одводниот филтер.
Исчистете го филтерот доколку е потребно.
Погледнете во „Нега и чистење“.
• Распоредете ги рачно алиштата во барабанот и
повторно пуштете ја фазата на центрифугирање.
Овој проблем може да е предизвикан од проблеми
со рамнотежата.
МАКЕДОНСКИ 29