User manual

8. Внимателно проверете дали роторот
на пумпата се врти (се врти со
прекини). Ако не се врти, обратете се
во локалниот сервисен центар.
9. Вратете го капакот од цревото за
итно празнење на место и вратете го
цревото во неговото лежиште.
10. Вратете го филтерот во пумпата
вметнувајќи го правилно во
специјалните водилки. Зашрафете
го капакот од пумпата со вртење во
десно.
11. Затворете ја вратата од пумпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку апаратот работел, а зависно од
избраната програма, во пумпата може
да има жешка вода.
Никогаш не вадете го капакот од пумпата
за време на циклус на перење, секогаш
почекајте апаратот да го заврши
циклусот и да биде празен. Кога го
враќате капакот на пумпата на место,
проверете дали е цврсто затегнат за да
спречите протекување и можност деца
да го одвртат.
Чистење на доводните филтри за вода
Ако забележите дека на машината и'
треба подолго време да се наполни,
проверете да не е затнат филтерот во
цревото за довод на вода.
1. затворете ја славината.
2. Одвртете го доводното црево.
3. Исчистете го филтерот во цревото со
помош на четка со тврди влакна.
20 electrolux