User manual

1. Отстранете ги наслагите од рѓа со
средство за чистење за челик што не
рѓосува.
2. Пуштете циклус на перење без
алишта, за да ги исчистите сите
остатоци од средствата за чистење.
Програма: куса програма за памук
при максимална температура, со
прибл. 1/4 мерник детергент.
Дихтунг на вратата
Повремено проверувајте го дихтунгот од
вратата и отстранете ги евентуално
заглавените предмети во
превиткувањето.
Одводна пумпа
Пумпата треба редовно да се проверува
и тоа особено ако:
апаратот не испушта и/или не
центрифугира;
апаратот испушта невообичаени
звуци за време на цедењето, поради
предмети, како на пр., безопасни,
парички итн., кои ја блокираат
пумпата;
откриен е проблем со испуштањето на
водата (за повеќе детали, видете го
поглавјето „Што да сторите ако...“)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред
отворањето на вратата на пумпата,
исклучете го апаратот и извадете го
кабелот за напојување од штекерот.
Постапете вака:
1. Извлечете го приклучникот од
штекерот.
2. Доколку е потребно, почекајте
додека водата не се излади.
3. Отворете ја вратата на пумпата
притискајќи со паричка во жлебот
(или, зависно од моделот, со
соодветната алатка што можете да ја
најдете во ќесичката со упатството).
1
2
4. Ставете низок сад до пумпата за да
се собере истурената течност.
5. Извлечете го со клешти капачето за
итно празнење од капакот на
филтерот.
electrolux 23