User manual

Проблем Веројатна причина/Решение
Машината за перење не
почнува да работи:
Укажува дека е вклучена таблата за сушење.
Исклучете ја таблата.
Вратата не е затворена. E40
Цврсто затворете ја вратата.
Приклучокот не е правилно вметнат во штекерот.
Вметнете го приклучокот во штекерот.
Во штекерот нема струја.
Проверете ја домашната електрична инсталација.
Избил главниот осигурувач.
Заменете го осигурувачот.
Тркалцето на програматорот не е правилно поставено и
копчето 8 не е притиснато.
Свртете го програматорот и повторно притиснете го
копчето 8 .
Избрано е одложено почнување.
Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложеното почнување.
Активирана е безбедносната брава за деца.
Исклучете ја безбедносната брава за деца.
Машината не се полни со
вода:
Славината за вода е затворена. E10
Отворете ја славината.
Доводното црево е згмечено или превиткано. E10
Проверете го приклучокот на доводното црево.
Филтерот во доводното црево е затнат. E10
Исчистете го филтерот во доводното црево.
Вратата не е правилно затворена. E40
Цврсто затворете ја вратата.
Машината не испушта вода
и/или не центрифугира:
Одводното црево е згмечено или превиткано. E20
Проверете го приклучокот на одводното црево.
Филтерот за испуштање вода е затнат. E20
Исчистете го филтерот.
Одбрана е опција или програма што завршува со вода во
кадата или што е без центрифугирање.
Одберете програма за испуштање вода или
центрифугирање.
Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот.
Прераспоредете ги алиштата.
На подот има вода:
Сте употребиле премногу или несоодветен детергент
(создава премногу пена).
Намалете го количеството детергент или употребете друг.
Проверете дали протекува од некој од приклучоците на
доводното црево. Понекогаш е тешко да се забележи дека по
цревото тече вода; проверете дали е влажно.
Проверете го приклучокот на доводното црево.
Приклучокот на одводното или доводното црево е оштетен.
Заменете со ново.
Капачето за итно празнење не било вратено на филтерот или
филтерот не бил правилно завртен по чистењето.
Вратете го капачето за итно празнење на филтерот или
докрај завртете го филтерот.
electrolux 27