User manual

= одложен почеток = безбедносна блокада за
деца
= старт/пауза
+/-
= копчиња на временскиот
управувач
Тркалце на програматорот
Овозможува вклучување и исклучување
на апаратот, како и одбирање програми.
Температура
Ова копче ви овозможува да ја
зголемите или намалите температурата
на перење.
Намалување центрифуга
Со притискање на ова копче може да ја
смените брзината на центрифугирањето
на одбраната програма или да ги
одберете опциите Задржано плакнење
или Без центрифуга.
Задржано плакнење
Со одбирање на оваа функција водата
од последното плакнење не се црпи за
да се спречи туткање на ткаенините.
Пред да ја отворите вратата, неопходно
е да се испушти водата. За да ја
испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Без центрифуга
Со избирање на оваа опција се
спречуваат сите фази на
центрифугирање и се заменуваат со
цедење, за да не се истуткаат алиштата.
Се препорачува за многу чувствителни
ткаенини. За некои програми
плакнењата ќе се извршат со повеќе
вода.
Претперење
Со одбирање на оваа опција машината
врши претперење пред главното
перење. Времето за перење ќе биде
подолго. Оваа опција се препорачува за
многу извалкани алишта.
Дополнително плакнење
Апаратот е конструиран да штеди
енергија. Ако е потребно плакнење на
алиштата со дополнително количество
вода (дополнително плакнење),
изберете ја таа опција. Ќе се извршат
неколку дополнителни плакнења. Оваа
опција се препорачува за лица
алергични на детергенти, како и за
подрачја со многу мека вода.
Одложен старт
Со ова копче, програмата може да се
одложи за 30 мин - 60 мин - 90 мин, 2
часа, па потоа по 1 час се до максимум
од 20 часа.
Старт пауза
Ова копче ви овозможува да ја
стартувате или да ја прекинете
избраната програма.
Time Manager
Оваа опција ви овозможува да го
менувате времето на перење, кое
апаратот го предлага автоматски.
Контролна сијалица за заклучена врата
Контролната сијалица 9 се пали кога ќе
стартува програмата и укажува дали
вратата може да се отвори:
свети: вратата не може да се отвори.
Машината работи или престанала да
работи, но има вода во кадата.
не свети: вратата може да се отвори.
Програмата завршила или водата е
исцрпена.
светлото трепка: вратата се отвора
electrolux 7