User manual

Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации 29
Опис на производот 31
Контролна табла 32
Прва употреба 36
Персонализација 36
Секојдневна употреба 36
Помошни напомени и совети 40
Програми за перење 41
Нега и чистење 45
Што да сторите ако... 49
Технички податоци 52
Потрошувачки вредности 52
Монтажа 53
Поврзување на струјата 57
Еколошки прашања 57
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
ВАЖНО Внимателно прочитајте и
чувајте за идни потреби.
Безбедноста на вашиот уред одговара
на индустриските стандарди и на
законските барања за безбедноста на
уредите. Сепак, како производители,
сметаме дека наша должност е да ги
дадеме следниве безбедносни
напомнувања.
Многу е важно, ова упатство да остане
заедно со уредот за идни потреби.
Доколку уредот се продаде или
пренесе на друг сопственик или се
преселите и го оставите уредот,
внимавајте упатството секогаш да
биде со него, за да може новиот
сопственик да се запознае со
функциите и со важните
предупредувања.
МОРА да ги прочитате внимателно
пред да го инсталирате или користите
уредот.
Пред првото пуштање, проверете да
не дошло до оштетување на машината
во текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетена машина.
Доколку има оштетени делови,
обратете се кај Вашиот продавач.
Ако уредот се испорачува во зимските
месеци, кога температурите се под
нулата: чувајте ја машината за перење
24 часа на собна температура, пред
првпат да ја користите.
Општа безбедност
Опасно е да ги менувате
спецификациите или да се обидувате
да го модификувате овој производ на
кој било начин.
Во текот на програмите за миење со
високи температури, стаклото од
вратата може да стане жешко. Не
допирајте го!
Уверете се дека малите миленичиња
нема да се качат во барабанот. За да
го избегнете ова, проверете го
барабанот пред користење.
Секакви предмети, како парички,
безопасни, шајки, шрафови, камење
или друг тврд, остар материјал, може
да предизвикаат големо оштетување и
не смеат да се ставаат во машината.
Користете само препорачани
количини омекнувач и детергент. Со
преполнување можете да
предизвикате оштетување на
ткаенината. Погледнете ги
количините, кои ги препорачува
производителот.
Перете ги малите предмети, како
чорапи, врвки, колани итн., во
вреќичка за перење или во навлака за
перница, бидејќи е можно тие да се
протнат помеѓу коритото и
внатрешниот барабан.
electrolux 29