User manual

5. Отшрафете го цревото од машината.
Подгответе крпа, бидејќи може да
истече вода.
6. Исчистете го филтерот во вентилот
со тврда четка или со парче крпа.
7. Зашрафете го цревото на машината
и уверете се дека е цврсто
приклучено.
8. Отворете ја славината.
Итно празнење
Доколку водата не е испуштена,
постапете на следниот начин за да ја
испразните машината:
1. извлечете ја приклучницата од
штекерот;
2. затворете ја славината;
3. доколку е потребно, почекајте водата
да се излади;
4. отворете ја вратичката на пумпата;
5. ставете длабок сад на подот.
Извадете го капачето за итно
празнење од филтерот. Водата треба
да се исцеди во садот по слободен
пад. Откако садот ќе се наполни,
вратете го капачето на филтерот.
Испразнете го садот. Повторувајте ја
постапката додека водата не
престане да тече;
6. доколку е потребно, исчистете ја
пумпата на погоре опишаниот начин;
7. навртете ја пумпата и затворете ја
вратичката.
Спречување замрзнување
Ако машината е ставена на место каде
што температурата може да падне под
0°C, постапете вака:
1. Извлечете го приклучникот од
штекерот.
2. Затворете ја славината.
3. Одвртете го доводното црево.
4. Ставете го крајот на доводното црево
во длабок сад на подот, отворете го
капачето за итно празнење на
филтерот и пуштете ја водата да
истече.
5. Вратете го капачето за итно
празнење на филтерот и навртете го
доводното црево на место.
6. Кога ќе сакате повторно да ја
користите машината, проверете дали
температура во просторијата е над
0°C.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
што може лесно да се решат без викање
сервисер. Пред да се обратите во
вашиот локален сервисен центар, прво
изведете ги следните проверки.
Додека машината работи, можно е
црвената контролна сијалица од копчето
8 да трепка, на екранот да се појави
некоја од следните шифри за тревога и
на секои 20 секунди да се огласува
звучен сигнал, за да укажат дека
машината не работи:
: проблем со доводот на вода.
: проблем со испуштањето вода.
: вратата е отворена.
Откако ќе го решите проблемот,
притиснете го копчето 8 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по
сиве овие проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
electrolux 49