User manual
Проблем Веројатна причина/Решение
Машината за перење не
почнува да работи:
Вратата не е затворена. E40
• Добро затворете ја вратата.
Штекерот не е правилно вметнат во приклучницата.
• Вметнете го штекерот во приклучницата.
Во приклучницата нема струја.
• Проверете ја домашната електрична инсталација.
Избил главниот осигурувач.
• Заменете го осигурувачот.
Програматорот не е правилно поставен, а копчето 8 не е
притиснато.
• Завртете го програматорот и повторно притиснете го
копчето 8 .
Избрано е одложено почнување.
• Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложеното почнување.
Активирана е безбедносната блокада за деца.
• Дезактивирајте ја безбедносната блокада за деца.
Машината не прима вода:
Славината за вода е затворена. E10
• Отворете ја славината.
Доводното црево е згмечено или превиткано. E10
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Филтерот во доводното црево е затнат. E10
• Исчистете го филтерот во доводното црево.
Вратата не е правилно затворена. E40
• Добро затворете ја вратата.
Машината не испушта и/или
не центрифугира:
Одводното црево е згмечено или превиткано. E20
• Проверете го приклучокот на одводното црево.
Филтерот за испуштање вода е затнат. E20
• Исчистете го филтерот.
Одбрана е опција или програма што завршува со вода во
кадата или што е без центрифугирање.
• Одберете програма за испуштање вода или
центрифугирање.
Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот.
• Одново распоредете ги алиштата.
На подот има вода:
Сте употребиле премногу или несоодветен детергент
(создава премногу пена).
• Намалете ја количината на детергент или употребете друг.
Проверете дали протекува од некој од приклучоците на
доводното црево. Понекогаш е тешко да се забележи дека по
цревото тече вода; проверете дали е влажно.
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Одводното или доводното црево е оштетено.
• Заменете го со ново.
Капачето за ургентно празнење не било вратено во филтерот
или филтерот не бил правилно зашрафен по чистењето.
• Одново ставете го капачето за ургентно празнење или
докрај зашрафете го филтерот.
50 electrolux