User manual

Поставување во положба
Монтирајте ја машината на рамен, тврд
под. Уверете се дека струењето на
воздухот околу машината не е
попречено од теписи, черги итн.
Проверете дали машината ги допира
ѕидот или кујнските елементи.
Нивелирајте ја машината за перење со
подигање или спуштање на ногалките.
Можно е, регулирањето на ногалките да
оди тешко, бидејќи имаат навртка за
само-заклучување, но машината МОРА
да биде нивелирана и стабилна. Ако е
потребно, проверете го поставувањето
со помош на либела. Сите потребни
нагодувања може да се изведуваат со
клуч за одвртување. Точното
нивелирање спречува вибрации, бучава
и поместување на машината во текот на
работата.
ВНИМАНИЕ Никогаш не ставајте
картон, дрво или сличен материјал
под машината за да ги израмните
нерамнините на подот.
Довод за вода
Доводното црево е испорачано и се
наоѓа во внатрешноста на барабанот од
машината. Не употребувајте го цревото
од старата машина за да ја поврзете на
доводот на вода.
ВАЖНО Овој уред мора да се приклучи
на довод на студена вода.
1. Отворете ја вратата и извадете го
доводното црево.
2. Приклучете го цревото на машината
со помош на коленестиот приклучок.
Не поставувајте го доводното црево
надолу. Нагодете го аголот на
цревото кон лево или кон десно,
зависно од положбата на славината
за вода.
45°
35°
electrolux 55