Basic Guide

порака за помош. Почекајте неколку секунди
пред да се вратите на главниот екран.
Се прикажуваат симболите што одговараат
на избраните опции.
Опција „Дополнително плакнење“
Во текот на циклусот, машината за перење
изведува едно или повеќе дополнителни
плакнења. Оваа опција се препорачува за
луѓе со чувствителна кожа и во подрачја со
мека вода.
Привремено: Опцијата е активна само за
избраната програма.
Опција „Претперење“
Апаратот изведува претперење на макс 30°C.
Претперењето завршува со краток циклус на
центрифугирање кај програмите за памук или
синтетика, и со празен циклус,кај програмите
за нежни алишта.
Опција „Лесно пеглање“
Ако ја одберете оваа опција, алиштата се
перат и центрифугират нежно за да не се
истуткаат. Така пеглањето е полесно. Ако ја
изберете оваа опција кај програмите за памук,
максималната брзина на центрифугирање ќе
биде 900 врт./мин.
„Одложено почнување“
Settings
End Time
Child lock
19:18
Оваа опција значи дека можете да го
изберете времето кога програмата за перење
ќе заврши. Одложувањето може да се избере
во чекори од по 30 минути, па потоа во чекори
од по 1 час, се до максимум од 23 часа и 59
минути.
Притиснете го копчето
или за да ја
изберете опцијата „Време на завршување“.
Притиснете на „Ок“ ако сакате да го
промените времето на завршување на
програмата. Ако не го притиснете копчето
„Ок“, по неколку секунди ќе се појави порака
за помош. Притиснете го копчето
или
за да го одредите времето на завршување на
циклусот. Притиснете на копчето „Ок“ за да
потврдите. На главниот екран се појавува
новото време на завршување на циклусот.
Времето на завршување на циклусот е
дефинитивно само ако не користите други
поставки (опции, одредување на времето,
итн.).
Времето на завршување на циклусот можете
да го промените или да го откажете во кое
било време пред да го притиснете копчето
„Старт/пауза“, така што ќе постапите како што
е опишано погоре.
Доколку веќе сте го притиснале копчето
„Старт/пауза“, а сакате да го промените или
да го откажете завршувањето на циклусот,
постапете на следниот начин:
За да го откажете времето на завршување на
циклусот и веднаш да го започнете,
притиснете на „Старт/пауза“, па потоа
прилагодете го завршувањето на циклусот
како што е опишано погоре. Притиснете
„Старт/пауза“ за да го започнете циклусот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Капакот е заклучен
за време на периодот на одложено
почнување. Ако треба да го отворите, прво
мора да го паузирате апаратот со притискање
на копчето „Старт/пауза“. Откако повторно ќе
го затворите капакот, притиснете го копчето
„Старт/пауза“.
Безбедносен уред за деца
Оваа опција овозможува го заклучите
апаратот за да спречите случајно менување
на програмата што е во тек.
Притиснете на
или за да изберете
„Блокада за деца“
, па притиснете на
„Ок“ за да ја активирате.
Безбедносниот уред се активира штом ќе го
притиснете копчето „Старт/пауза“ за да го
започнете циклусот.
Finished
Child lock
Save Favourite
Off
Изборот на опцијата е зачуван.
За да го исклучите уредот за безбедност на
децата, притискајте ги копчињата
и
најмалку 5 секунди.
electrolux 23