User manual

14.9 Заштита од замрзнување
Ако апаратот е монтиран во област
каде што температурата може да
падне под 0°C, отстранете ја
преостаната вода од доводното црево
и од пумпата за цедење.
1. Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
2. Затворете ја славината за вода.
3. Ставете ги двата краја на
доводното црево во садот и
оставете ја водата да тече од
цревото.
4. Испразнете ја пумпата.
Погледнете ја постапката за итно
цедење.
5. Кога одводната пумпа е празна,
вратете го доводното црево назад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Проверете дали
температурата е повисока
од 0°C пред повторно да го
користите апаратот.
Производителот не е
одговорен за штетите
предизвикани од ниска
температура.
15. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
15.1 Вовед
Апаратот не се вклучува или
прекинува додека работи.
Прво, обидете се да најдете решение
за проблемот (погледнете во
табелата). Ако повторно се појави
проблемот, контактирајте со Овластен
сервисен центар.
Кај некои проблеми, звучните
сигнали работат и на екранот се
прикажува шифра за тревога:
- Апаратот не се полни
правилно со вода.
- Апаратот не ја испушта
водата.
- Вратата на апаратот е
отворена или не е правилно
затворена. Проверете ја вратата!
Ако апаратот е
пренатрупан, извадете
некои од алиштата од
барабанот и/или
притискајте на вратата
и притиснете
истовремено на копчето
Почеток/Пауза се
додека показнто светло
не престане да
светка (видете ја
сликата подолу).
- Напојувањето со струја е
нестабилно. Почекајте додека не се
стабилизира напојувањето со
струја.
- Нема комуникација меѓу
електронските елементи на
апаратот. Исклучете го и повторно
вклучете го.
МАКЕДОНСКИ 31