User manual

производителот на апаратот за готвење или оние
кои се наведени во упатствата за користење како
погодни или заштитници за плоча за готвење кои
се дел од самиот апарат. Користењето на
несоодветни заштитници за површина за готвење
може да предизвика незгода.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Овој апарат е погоден за следниве
пазари: HR RO
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го
монтира само
квалификувано лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
Извадете ја целата амбалажа.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за
монтирање дадени со апаратот.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
Зачепете ги засечените површини
со заптивач за да спречите влагата
да предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во
близина на врата или под прозорец.
На овој начин ќе спречите некој
жежок сад за готвење да падне од
апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над
фиоки, внимавајте просторот
помеѓу дното на апаратот и горната
фиока да е доволен за циркулација
на воздух.
Дното на апаратот може да стане
жешко. Уверете се дека сте
монтирале незапалива плоча за
раздвојување под апаратот за да
спречите пристап до дното.
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Секое поврзување со струја треба
да биде направено од
квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
Проверете дали параметрите на
плочката со спецификации се
компатибилни со електричната
моќност на мрежата на електрична
енергија.
Проверете дали апаратот е
правилно монтиран. Лабав и
несоодветен кабел за струја или
приклучок (ако е применливо) може
да предизвика прегревање на
терминалот.
Користете соодветен кабел за
струја.
Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
Проверете дали е монтирана
заштитата од струен удар.
Користете клема за да го
ослободите кабелот од напон.
Проверете дали кабелот за струја
или приклучокот (ако е применливо)
го допира топлиот апарат или
топлите садови за готвење кога го
поврзувате апаратот со штекери во
близина.
www.electrolux.com22