User manual

6.1 Садови за готвење
ВНИМАНИЕ!
Не користете леани тави,
садови од керамика,
земјени садови, плочи за
скара или тостер.
Не’рѓосувачкиот челик
може да потемни доколку
се прегрева.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте ја истата тава
на два пламеника.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте нестабилни
или оштетени тенџериња
на пламеникот за да се
заштитите од преливање и
повреда.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте дното на
тенџерињата да не стои
многу блиско до
контролното копче, во
спротивно, пламенот ќе го
загрее контролното копче.
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се рачките на
тенџерето да не бидат над
предниот раб на плочата
за готвење.
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се тенџерињата
да бидат поставени
централно на пламеникот
за да постигнете
максимална стабилност и
помала потрошувачка на
гас.
6.2 Дијаметри на садовите за
готвење
Користете само садови за
готвење со дијаметар кој
одговара на димензиите на
пламениците.
Пламеник Дијаметар на
садови за
готвење
(mm)
Повеќе круни 180 - 260
Брзо 180 - 260
Полу-брзо 120 - 240
Помошно 80 - 180
7. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Општи информации
Чистете ja површината за готвење
по секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз
работата на површината за
готвење.
Користете специјално средство за
чистење наменето за површини за
готвење.
Не’рѓосувачки челик
Измијте ги деловите од
не’рѓосувачки челик со вода, а
потоа избришете ги со мека крпа.
За да ја отстраните загорената
храна, мрснотијата и тврдокорните
дамки, оставете ги да киснат во
мала количина благ детергент
неколку минути пред чистењето.
Користете производи за чистење
посебно наменети за чистење
не'рѓосувачки челик за да ги
заштитите челичните површини.
МАКЕДОНСКИ 31