User Manual

Table Of Contents
7.4 Одмрзнување на
замрзнувачот
ВНИМАНИЕ!
Не користете остри
метални алати за гребење
на мразот од испарувачот
бидејќи можете да го
оштетите.
Не користете механички
уреди или вештачки
средства за забрзување на
топењето освен оние што
ги препорачува
производителот.
Околу 12 часа пред
одмрзнувањето, поставете
пониска температура, за
да се насоберат доволно
резерви студ во случај на
прекин на работата.
Одмрзнете ја преградата за
замрзнување кога слојот мраз ќе
достигне дебелина од околу 3-5 mm
За одмрзнување на преградата за
замрзнување:
1. Исклучете го апаратот и извлечете
го приклучникот од ѕидниот
штекер.
2. Отстранете ја целата храна,
завиткајте ја во неколку слоја
весник и ставете ја на студено
место.
ВНИМАНИЕ!
Качувањето на
температурата на
смрзнатата храна за
време на
одмрзнувањето може
да го скрати нивниот
век на чување.
Не допирајте ги
смрзнатите работи со
мокри раце. Рацете
може да се замрзнат за
предметите.
3. Извадете го плехот за мраз.
4. Оставете ја вратата отворена.
Заштитете го подот од водата која
што се одмрзнува на пр. со крпа
или со рамен сад.
5. За да го забрзате процесот на
одмрзнување, ставете сад со
топла вода во преградата на
замрзнувачот. Освен тоа,
отстранете ги парчињата мраз кои
ќе се откршат пред да заврши
одмрзнувањето.
6. Кога одмрзнувањето ќе заврши,
темелно исушете ја внатрешноста.
7. Вклучете го апаратот и затворете
ја вратата.
8. Поставете го регулаторот на
температурата за да добиете
максимално ладење и оставете го
апаратот да работи два-три часа
со оваа поставка.
Само после ова време ставете ја
храната назад во преграда за
замрзнувач.
7.5 Периоди на неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве мерки
за претпазливост:
1. Исклучете го апаратот од
напојувањето со струја.
2. Извадeте ја целата храна.
3. Одмрзнете го апаратот.
4. Исчистете го апаратот и сите
додатоци.
5. Оставете ја вратите отворени за
да спречите непријатни миризби.
МАКЕДОНСКИ 53