Owner's Manual

162
За повеќе информации
Прочитајте го Упатството за брз почеток што е
доставено со вашиот уред.
Отворете
HiCare
за да го прочитате упатството и
сервисните информации или да добиете помош од
онлајн-форумот.
Одете до
Нагодување
>
Сè
>
За телефонот
>
Правни
информации
за да ги прочитате правните информации.
Посетете го
http://consumer.huawei.com/en/support/hotline/
за најнови информации за контакт за вашата држава
или регион.
Безбедносни информации
Пречки во медицинската опрема
Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат
болниците и другите објекти за здравствена заштита. Не
го користете уредот онаму каде што е забранета
неговата употреба.
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на
слушните помагала или пејсмејкерите. Обратете се до
давателот на услугата за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се
одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и
пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на
пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го
уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го
носете уредот во предниот џеб.
Заштита на слухот при користење на слушалката
За да се спречи можно оштетување на
слухот, не се изложувајте на голема јачина на звукот
подолг временски период.