User Guide

259
Безбедносни информации
Работа и безбедност
Не го користете уредот доколку е забрането да се употребува.
Не го користете уредот ако неговата употреба предизвикува
опасност или пречки на други електронски уреди.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува
најмало растојание од 15 см меѓу уредот и пејсмејкерот за да
се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите
пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на
пејсмејкерот и не го носете уредот во предниот џеб.
Избегнувајте места со прав, влага или нечистотија. Избегнувајте
магнетни полиња. Користењето на уредот во таква средина
може да предизвика нарушување на струјното коло.
Идеални температури за работа се 0 °C до 40 °C. Идеални
температури за чување се –40 °C до +70 °C. Екстремна топлина
или студ може да го оштети уредот или дополнителната опрема.
Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро
проветрена и студена просторија без директна изложеност
на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или
други предмети. Не го поставувајте уредот во предмети што
задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.
Уредот треба да се инсталира и со него да се ракува со најмало
растојание од 20 см меѓу изворот на зрачење и Вашето тело.
Користењето неодобрен или несоодветен адаптер за струја,
полнач или батерија може да го оштети уредот, да го намали
животниот век или да предизвика пожар, експлозија или друга
опасност.
За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во близина на
уредите и да биде лесно достапен.
Исклучете го адаптерот за напојување од штекерот кога не го
користите.
Не допирајте ги уредот или адаптерот за напојување со мокри
раце. Така може да предизвикате краток спој, дефект или
струен удар.
За оптимална покриеност на Wi-Fi и перформанси, се
препорачува растојанието за монтирање помеѓу повеќе
поврзани насочувачи да биде поголемо од 2 m кога има
интернет во линија на погледот (LOS).