User manual

8
МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ
t За да обезбедите сигурно и долготрајно користење, немојте да
користите неодобрени предмети.
t Какви било оштетувања или повреди настанати заради
употреба на неодобрени предмети не се опфатени со
гаранцијата.
t Одредени модели на екранот имаат прилепен тенок слој и тој
не смее да се отстранува.
t При прикачување на држачот на телевизорот, екранот
поставете го со лицето надолу на маса или рамна површина со
мека подлога за да се заштити екранот од гребење.
t Обрнете внимание завртките да бидат правилно вметнати
и безбедно прицврстени. (Доколку тие не се доволно
прицврстени, телевизорот може да се накоси нанапред по
инсталирањето.) Немојте да употребувате премногу сила и
премногу да ги затегнувате завртките; во спротивно тие може
да се оштетат и да не бидат правилно прицврстени.
Подигнување и пренесување
на телевизорот
При пренесување или подигнување на телевизорот, прочитајте
ги следните напатствија за да се спречи гребење или оштетување
на телевизорот и за безбедно пренесување без оглед на видот и
големината.
t Се препорачува телевизорот да се пренесува во кутијата или
материјалот за пакување во кои телевизорот оригинално бил
испорачан.
t Пред преместување или подигнување на телевизорот,
откачете го кабелот за напојување и сите кабли.
t Кога го држите телевизорот, екранот треба да биде завртен
спротивно од вашето тело за да се избегне оштетување.
t Цврсто држете го горниот и долниот дел од рамката на
телевизорот. Внимавајте да не ги држите проѕирниот дел,
звучникот или делот за решетка на звучникот.
t При пренесување на голем телевизор, потребно е учество на
најмалку 2 лица.
t При рачно пренесување на телевизорот, држете го
телевизорот како што е прикажано на следната слика.
t При пренесување на телевизорот, немојте да го изложувате на
нишање или прекумерни вибрации.
t При пренесување на телевизорот, задржете го во исправена
положба, никогаш немојте да го завртувате странично или да
го накосувате налево или надесно.
t Не применувајте прекумерен притисок кој би предизвикал
превиткување/закривување на рамката на куќиштето, бидејќи
тоа може да го оштети екранот.
t При ракување и пренесување на телевизорот, внимавајте да
не ги оштетите испакнатите копчиња.
ВНИМАНИЕ
t Избегнувајте секакво допирање на екранот, бидејќи тоа може
да резултира во оштетување на екранот.
t Немојте да го преместувате телевизорот држејќи го за
држачите за кабли, бидејќи држачите за кабли може да се
скинат и да дојде до повреда и оштетување на телевизорот.
Користење на копчето
(Во зависност од моделот)
Со притиснување или поместување на копчето можете едноставно
да управувате со функциите на телевизорот.
ЗАБЕЛЕШКА
t Сериите LH51 и LH52 немаат џојстик функции, туку само копче
за вклучување/исклучување на напојувањето.
Централно копче

Џојстик копче