User manual

10
МАКЕДОНСКИ
Монтирање на ѕид
Внимателно прикачете го опционалниот носач за на ѕид на
задната страна од телевизорот и инсталирајте го носачот на
цврст ѕид под прав агол во однос на подот. При прикачување на
телевизорот на други градежни материјали, ве молиме обратете
се до квалификувано лице. LG препорачува монтирањето на
ѕид да биде извршено од квалификувано професионално лице
за инсталирање. Ви препорачуваме да го користите носачот за
прицврстување на ѕид на LG. Носачот за прицврстување на ѕид на
LG е лесен за преместување, заедно со поврзаните кабли. Ако не
го користите носачот за прицврстување на ѕид на LG, ве молиме
користете носач за прицврстување на ѕид кадешто уредот ќе биде
соодветно прицврстен за ѕидот со доволно простор за да овозможи
поврзување со надворешните уреди. Препорачливо е да ги поврзете
сите кабли пред да ги поставите фиксираните носачи за на ѕид.
10 cm
10 cm
10 cm
10 cm
Треба да користите завртки и носач за на ѕид кои ги задоволуваат
VESA стандардите. Стандардните димензии на комплетите за
монтирање на ѕид се опишани во следната табела.
Одделно купување (Носач за монтирање
на ѕид)
Модел
32/43LH51**
32/43LH52**
32LH53**
43LH54**
49LH51**
49LH52**
49LH54**
VESA (A x B) (mm) 200 x 200 300 x 300
Стандардна завртка
M6 M6
Број на завртки 4 4
Носач за
прицврстување на ѕид
LSW240B
MSW240
LSW350B
MSW240
Модел 55LH54**
VESA (A x B) (mm) 400 x 400
Стандардна завртка
M6
Број на завртки 4
Носач за
прицврстување на ѕид
LSW440B
MSW240
A
B
ВНИМАНИЕ
t Пред поставување на телевизорот на носач за ѕид, извадете го
држачот вршејќи ги дејствата за прикачување на држачот по
обратен редослед.
ЗАБЕЛЕШКА
t При инсталирање на носачот за монтирање на ѕид, користете
ја лепливата ознака која е испорачана со производот.
Лепливата ознака ќе спречи собирање на прав и нечистотии во
отворот. (Само кога е испорачан елемент во следната форма)
Испорачан елемент
Леплива ознака
t Кога го инсталирате носачот за монтирање на ѕид,
препорачливо е да ги заштитите дупките во држачите со лента
за да спречите собирање на прав и инсекти. (Во зависност од
моделот)
Дупка во држач
Поврзувања (известувања)
Поврзувајте различни надворешни уреди со телевизорот и
менувајте ги режимите за влезен сигнал за да изберете надворешен
уред. За повеќе информации околу поврзувањето на надворешен
уред, погледнете во упатството испорачано со секој од уредите.
Достапни надворешни уреди се: HD ресивери, DVD плеери, VCR,
аудио системи, USB уреди за складирање, PC, уреди за игри и други
надворешни уреди.