Owners manual

20
Кога не можете да се сетите на вашите шема, ПИН или Лозинка:
< Ако сте ја заборавиле вашата шема >
Ако сте логирани на вашиот Google профил на таблетот, но не сте успеале да
ја внесете точната шема 5 пати, допрете на Го заборавивте обликот? копчето
на дното од екранот. Потоа, потребно е да се најавите на вашата Google
сметка или да го внесете Резервниот PIN кој сте го внеле при креирањето на
вашата шема за заклучување.
Ако не сте креирале Google сметка на таблетот или сте го заборавиле
заштитниот PIN, ќе мора да извршите хардверско ресетирање.
< Ако го заборавите вашиот PIN код или лозинката >
Ако го заборавите PIN кодот или лозинката, потребно е да извршите
хардверско ресетирање.
Внимание: Ако извршите хардверско ресетирање, сите апликации и
податоци на корисникот ќе бидат избришани.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако не сте се логирале на вашиот Google профил и сте ја
заборавиле вашата шема, ќе треба да го внесете вашиот заштитен ПИН.
4. Користење на Хардверско ресетирање
(Фабричко ресетирање)
Ако вашиот таблет не се врати во неговата оригинална состојба, користете
Хардверско ресетирање (Фабричко ресетирање) за да го стартувате.
1 Исклучете го таблетот.
2 Притиснете го и задржете го копчето за намален тон најпрво, а потоа
притиснете го и држете го копчето за вклучување/заклучување на
десната страна на таблетот додека не се прикаже логото на LG.
3 Ослободете ги сите копчиња кога логото LG ќе се прикаже.