Owners manual

43
• Преносот на податоци, спуштањето, користењето на мултимедија и
комуникациските услуги ќе се стопираат ако идентификациониот број на
корисникот се промени. Сепак, трансферот на податоци преку Play Store
може да продолжи дури и ако корисничкиот ID е променет.
За да додадете нов корисник на вашиот таблет
1 На почетниот екран, допрете Апликации > Поставки > Корисник
> Додади кориснички.
2 Изберете го типот на корисник што сакате да го додадете.
• Корисник: Корисниците имаат свои апликации и содржина.
• Забранет профил: Можете да го ограничите пристапот до апликациите
и содржината на вашиот профил.
3 Волшебникот за подесувања се отвора за да ви помогне да додадете нов
корисник. Допрете Постави сега.
• По создавањето на нов корисник, тоа лице треба да помине низ
процесот на поставување по првата најава.
За промена на корисниците
1 Притиснете го копчето за вклучување/заклучување за да се заклучи
екранот на таблетот.
2 Притиснете го копчето за вклучување/заклучување уште за да го
„разбудите“ екранот на таблетот.
3 Допрете една од обоените икони на дното на екранот. Изберете ИД на
сопственикот или било кои други ИД кои сте ги создале.