Owners manual

51
Поврзување со мрежи и уреди
Bluetooth
Можете да користите Bluetooth за да праќате податоци преку водење на
соодветната апликација, но не и од менито Bluetooth како и на повеќето други
мобилни телефони и таблети.
ЗАБЕЛЕШКА:
• LG не презема одговорност за загубата, попречувањето или
неправилното користење на податоците кои се испратени или примени
преку Bluetooth безжичната функција.
• Секогаш осигурете се дека податоците ги споделувате и примате од
уреди кои се доверливи и соодветно заштитени. Доколку постојат пречки
помеѓу уредите, работното растојание може да се намали.
• Некои уреди, особено оние кои не се тестирани или одобрени од
Bluetooth SIG, може да не бидат компатибилни со вашиот уред.
Вклучување на Bluetooth и спарување на вашиот таблет со
Bluetooth уред
Пред да се поврзете со друг уред, вашиот уред мора да го впарите со тој уред.
1 На почетниот екран, допрете Апликации > Апликации јазиче >
Поставки > Bluetooth.
2 Допрете го Bluetooth прекинувачот за да го вклучите.
3 Допрете го полето веднаш до името на вашиот таблет за да го направите
вашиот таблет видлив за други Bluetooth уреди.
ЗАБЕЛЕШКА: За да ја изберете должината на времето за која вашиот
уред ќе биде видлив, допрете го Мени копчето
> Истечено време на
видливост.