Owners manual

40
Пристап до известувањата
Повлечете ја статусната лента надолу за да го отворите панелот за
известувања и пристапете до известувањата. За да го затворите панелот за
известувања, повлечете ја нагоре лентата која се наоѓа на дното од екранот.
Лента со брзи поставки – Поминете
со прстот кон десно или лево за да
движите низ листата. Допрете ја иконата
за да ја активирате/деактивирате
функцијата.
QSLIDE АПЛИКАЦИЈА – Допрете една
QSlide апликација за да ја отворите како
мал прозорец на Вашиот екран. Допрете
за отстранување, додавање или
преуредување на QSlide апликации.
Повлечете на лево и десно за да ја
прилагодите светлината на екранот и
звукот.
Брзи подесувања на панелот за известувања
Користете ги Брзите подесувања за лесно да ги префрлате поставувањата на
функцијата како Wi-Fi. Брзите поставки се наоѓаат во горниот дел на панелот
за известувања.
БЕЛЕШКА: Допрете и држете ја иконата во лентата за Брзи подесувања за
да го видите менито за поставување на функцијата.