Owners manual

47
Фотографирање на Слика од екранот
Притиснете го копчето за намалување на тонот и копчето за
вклучување/заклучување истовремено за 2 секунди да снимите слика од
тековниот екран.
За преглед на фотографираната слика, одете на Апликации > Галерија
> папка Screenshots.
Употреба на QuickMemo+ за фотографирање слика од екранот
На екранот кој сакате да го снимите, повлечете ја статусната лента надолу и
изберете QuickMemo+ .
ИЛИ
Притиснете и задржете ги двете копчиња за тон истовремено.
Користете Снимка плус за да снимите слика од екранот
Оваа функција ви овозможува да снимите дел од екранот во стандардниот
интернет прелистувач.
1 Отворете ја апликацијата Интернет и одете до страницата од која сакате да
фотографирате слика.
2 Допрете го Мени копчето > Зачувај повеќе.
3 Прилагодете ја сината кутија до саканата големина, а потоа допрете
Зачувај. Избраната област е зачувана во папката Зачувај повеќе во
Галеријата.
Методи на внесување текст
Тастатурата на екранот се прикажува автоматски на екранот кога ќе треба
да внесете текст. Рачно да се прикаже тастатурата на екранот, едноставно
допрете го полето за текст каде што сакате да го внесете текстот.