Owners manual

62
Можете да ја употребите E-mail апликацијата за да читате пошта од сервиси
како Yahoo!, MSN, и AOL. E-mail апликацијата ги поддржува следните типови
на сметки: POP3, IMAP и Exchange.
Вашиот обезбедувач на услуги или системскиот администратор можат да ви
ги обезбедат потребните поставки за сметката.
Управување со e-mail сметка
Притиснете E-mail на Почетниот екран. Кога за првпат ќе ја отворите
E-mail апликацијата, се отвора волшебник кој ќе ви помогне да поставите
e-mail сметка.
По почетното подесување, се прикажуваат содржините на вашето влезно
сандаче. Ако имате додадено повеќе од една сметка, можете да се
префрлувате меѓу сметките.
За да додадете уште една e-mail сметка:
• Отворете ја апликацијата E-mail и допрете го Мени копчето > Поставки
> Додади сметка.
За да се префрлите од еден профил на друг:
Ако имате додадено повеќе од еден профил, можете лесно да ги менувате.
Од било која папка за електронска пошта, допрете на тековниот профил
(на врвот на екранот), а потоа допрете го профилот на кој што сакате да
пристапите.
За да ги промените подесувањата на e-mail профилот:
Отворете ја апликацијата E-mail допрете го Мени копчето > Поставки >
Општи поставки за да конфигурирате подесувања што ќе важат за сите Ваши
сметки. Допрете индивидуален профил за да ги конфигурирате подесувањата
само за тој конкретен профил.
E-mail