Owners manual

69
Отсекување – Отсекување на фотографијата. Движете го прстот низ екранот
за да изберете област која сакате да биде отсечена.
Додај локација – За додавање на информации за локацијата.
Преименувај – Допрете за да го уредите името на избраната фотографија.
Печати – Ви овозможува да ја испечатите фотографијата.
Детали – Прикажува повеќе информации за фотографијата.
Прегледување на зачуваните фотографии
Во режимот за фотоапарат можете да им пристапите на зачуваните
фотографии. Едноставно допрете го прегледот на фотографијата до копчето
за фотографирање и ќе се прикаже вашата галерија.
1 Одберете ја апликацијата која ќе ја користите за преглед и/или уредување
на вашите фотографии. Допрете Галерија или Photos .
2 Допрете OK.
• За да погледнете повеќе фотографии, придвижете се налево или надесно.
• За зголемување или намалување на зумот, допрете двапати на екранот
или ставете два прста на него и раширете ги (за намалување доближете
ги прстите).
Снимање видео
1 Отворете ја апликацијата Фотоапарат.
2 Насочете го објективот кон предметот што сакате да го снимите во вашето
видео.
3 Допрете ја иконата за видео режим за да започнете со снимање.
4 Ќе се појави тајмер кој ја прикажува должината на видео записот.
5 Допрете на екранот за да го запрете снимањето.