Owners manual

101
Ефект на исклучување eкран – Се поставува ефект на исклучување на
екранот кога екранот ќе се исклучи.
Ориентација – Поставува автоматско менување на ориентацијата кога го
ротирате таблетот.
Дневно сонување – Допрете го прекинувачот Daydream за да менувате
меѓу Вклучено и Исклучено. Вклучено овозможува да биде прикажан
поставениот скрин сејвер кога таблетот не е активен додека е приклучен и/
или се полни. Одберете меѓу Часовник и Google Photos.
ЗАБЕЛЕШКА: Полнење може да биде бавно додека скринсејверот е
вклучен.
Тип на фонт – Променете го типот на фонтот на екранот.
Големина на фонт – Променете ја големината на фонтот на екранот.
Паметен екран – Екранот останува вклучен кога уредот забележува дека
вашите очи гледаат во екранот.
Копчиња на допир на почетен екран – Ви овозможува да поставите кои
Копчиња на допир на почетен екран се прикажани и нивната положба на
листата. Можете исто така да изберете боја и позадина.
Калибрација на сензорот за движење – Ви овозможува да ја подобрите
прецизноста на закосувањето и брзината на сензорот.
Меморија
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА – Го прикажува вкупниот износ на простор
во меморијата на уредот и наведува каков тип на податоци го користат
просторот.
SD КАРТИЧКА – Го прикажува вкупниот износ на мемориски простор на
microSD картичката.