Owners manual

28
Отстранување на microSD картичката
За безбедно отстранување на microSD картичката од вашиот таблет, најпрво
треба да ја одмонтирате.
1 Од почетниот екран, допрете Апликации > Подесување >
Меморија > Оневозможи SD картичка.
2 Отворете ја лентата за microSD картичката и турнете ја картичката внатре
за да ја ослободите.
3 Нежно повлечете ја microSD картичката од слотот.
Предупредување! Немојте да ја отстранувате microSD картичката пред
првин да извршите нејзино оневозможување. Инаку, може да се оштети
microSD картичката, како и вашиот таблет, а податоците зачувани на
microSD картичката исто така може да се оштетат.
Форматирање на microSD картичката
Предупредување! Сите фајлови зачувани на вашата microSD картичка ќе
се избришат при форматирањето на картичката.
1 На почетниот екран, допрете Апликации > Поставки > Меморија.
2 Допрете Избриши SD картичка (двапати).
3 Ако поставите облик за отклучување, внесете го и допрете Избриши сè.
Картичката ќе се форматира и ќе биде подготвена за користење.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако на вашата microSD картичка постои содржина,
структурата на фолдери би можела да се промени по форматирањето
бидејќи сите фајлови ќе бидат избришани.