Owners manual

31
Вашиот почетен екран
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети за тоа како да управувате со вашиот таблет.
ЗАБЕЛЕШКА:
• За да изберете елемент, допрете во средината на иконата.
• Не притиснувајте премногу силно; екранот на допир е доволно
чувствителен да регистрира и лесно, но сепак одмерено допирање.
• Користете го врвот од прстот за да ја допрете саканата опција. Внимавајте
да не ги допрете другите копчиња.
Потчукнете или допрете
Со потчукнување/допир со еден прст бирате предмети, линкови, кратенки и
букви на тастатурата на екранот.
Допрете и задржете
Допрете и држете предмет на екранот така што ќе го допрете и нема да го
кревате прстот се додека не се случи акција. На пример, за отворање на
достапните опции за контакт, допрете и задржете на контактот во листата на
контакти додека не се отвори контекст-менито.
Влечи
Допрете и држете предмет за момент и потоа, без да го дигнете прстот,
движете го прстот на екранот додека не дојдете до целната позиција. Можете
да повлекувате елементи на почетниот екран за да ги преместите.