Owners manual

42
Повеќе корисници
Може да се создаде само еден ИД на сопственикот на таблетот, но може да
се додадат повеќе кориснички ИД, така што да може и други да се логираат и
да го користат таблетот независно. Секој корисник може да ги конфигурира
подесувањата на својот таблет, да ја користи својата меморија и да има
предност да ја ажурира својата апликација.
Предности на сопственикот на таблетот
• Само идентификациониот број на сопственикот на таблетот може да додаде
идентификационен број за најавување на нов корисник и да ги отстрани
корисничките идентификациони броеви.
Повеќекратни ограничувања на корисникот на таблетот
• Сите корисници ја делат истата батерија, внатрешна меморија и користење
на податоци со останатите корисници.
• Поставувањата на јазикот поставени од страна на еден корисник се
однесуваат на сите други корисници.
• Секој корисник може да ги конфигурира и користи само своите содржини и
податоци (на пример, подесувања на почетниот екран, звучни поставувања,
итн.)
• Било кој корисник може да ги прифати ажурираните дозволи за апликации
во името на сите други корисници.
• Пораките и закажаните настани во дневниот ред ќе се испратат за да го
известат само наведениот идентификационен број на корисникот.
• Штом корисникот ќе започне со печатење на документот со помош на
Печатење преку телефон, процесот на печатење ќе продолжи дури и ако
идентификациониот број на корисникот е променет.