Owners manual

57
QuickMemo+ Пренос – Ги зачувува вашите тековни QuickMemo+ во
Галеријата на таблетот, а потоа ја синхронизира оваа Галерија со Галеријата на
вашиот телефон.
Интернет преку телефон – Автоматски го поврзува вашиот таблет на
Интернет преку вашиот мобилен телефон (како Wi-Fi hotspot). Користењето
на оваа функција може да предизвика трошоци. За да зачувате користење
на податоци на телефонот, телефонот автоматски се поврзува со било кој
доверлив Wi-Fi hotspot во рамките на опсегот.
Налепница за скорешна апликација – Кога екранот на спарениот уред е
отклучен, една налепница ќе ја прикаже последната апликација употребена
на другиот уред ако апликацијата е инсталирана и на таблетот и на телефонот.
Поврзување со PC со помош на USB кабел
Можете да го поврзете таблетот со вашиот PC за да го наполните, да
префрлате содржини на персоналниот компјутер од таблетот и обратно.
Пренос на музика, фотографии и видео записи со помош на
режимот на MTP медиумски уреди
1 Поврзете го вашиот таблет на компјутер користејќи USB кабел.
2 Ако немате инсталирано драјвер за LG Android платформата на вашиот PC,
ќе треба рачно да ги промените поставките. За да ги промените поставките,
повлечете ја статусната лента надолу и допрете го моменталниот режим на
USB поврзување > Медиумски уред (MTP).
3 Ќе можете да ја прегледате содржината на медиумскиот уред на вашиот PC
и да ги префрлите фајловите.