Owners manual

107
Полиња со контрола на допир – Допрете го преклопникот за да ја
вклучите оваа функција. Ви овозможува да ја ограничите контролата на допир
на одбраните области на екранот. Притиснете го копчето за Намалување на
звукот и копчето за Почетен екран истовремено за да ја активирате и
деактивирате опцијата.
Ориентација – Обележете за да се овозможи уредот да го ротира екранот во
зависност од ориентацијата на уредот (портрет или пејзаж).
Читај лозинки – Означете за да добиете вербална комуникација при
внесувањето на лозинките.
Кратенка за поставки за пристапност – Поставува лесен пристап до
одбраните опции кога три пати ќе потчукнете на копчето за Дома.
Внесување со еден допир – Со секој допир на прстот внесувате буква/
карактер на тастатурата на LG.
Quick Cover
Активирајте го ова мени за да го уклучите или исклучите екранот автоматски
кога го користите Quick Cover.
Печатење
Ви овозможува да ја испечатите содржината на одредени екрани (како што
се интернет страниците прикажани во Chrome) на печатач поврзан со истата
Безжична мрежа како и вашиот Андроид уред.