Owners manual

111
Враќање на податоците на таблетот
ЗАБЕЛЕШКА: Сите датотеки кои се зачувани на вашиот таблет се бришат
пред да се поврати бекап датотеката. Бидете сигурни дека бекап датотеката
е копирана на друга локација.
1 На почетниот екран допрете Апликации > Поставки > Создај
резервна копија и ресетирај > LG Backup услуга > Враќање и
управување со датотеките.
2 На екранот Враќање, изберете го фајлот за архивирање кој ги содржи
податоците кои сакате да ги повратите.
3 Селектирајте го полето до ставката која сакате да ја вратите и одберете
Следно за да ја вратите на вашиот таблет.
ЗАБЕЛЕШКА: Ве молиме имајте во предвид дека податоците на вашиот
таблет ќе бидат препишани со содржината на вашиот бекап.
4 Ако фајлот за архивирање е шифриран, внесете ја лозинката која сте ја
креирале за шифрирањето.
5 Кога сите избрани датотеки се реставрирани, таблетот автоматски ќе биде
рестартиран.
ЗАБЕЛЕШКА: Можете да ја наместите опцијата за Заклучување на бекап
датотеките при создавањето на бекап за енкриптирање на вашите
датотеки за дополнителна заштита.
На главниот екран за бекап на LG, допрете на копчето Мени > Постави
лозинка и внесете лозинка и помош во случај да ја заборавите лозинката.
Откако ќе поставите лозинка, ќе треба да ја внесете секој пат кога ќе сакате да
извршите архивирање/враќање.