User Manual
15
SD
ви
на
е
а
а
е
ки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Немојте да вметнувате или
отстранувате мемориска
картичка кога телефонот е
вклучен. Во спротивен случај,
може да дојде до оштетување
на мемориската картичка како и
на вашиот телефон, а исто така
и податоците складирани на
картичката може да се оштетат.
За безбедно отстранување
на мемориската картичка,
изберете Почетен екран >
Апликации > Поставки >
Меморија на SD картичка и
на телефон > Оневозможи SD
картичка.
8. Отворање и
префрлување меѓу
апликации
Извршувањето повеќе задачи
со Android е едноставно
бидејќи отворените апликации
се извршуваат дури и кога ќе
отворите друга апликација.
Нема потреба да затворите
одредена апликација пред
да отворите друга. Користете
повеќе отворени апликации
и префрлувајте се помеѓу
нив. Android управува со
сите апликации, запирајќи
и активирајќи ги според
потребите, за да се спречи
непотребно трошење на
ресурсите од страна на
неактивните апликации.
За да ја запрете апликацијата
која ја користите
На почетниот екран, допрете
ја картичката Апликации
и изберете Поставки>
Апликации> Управување
со апликации >допрете на
Тековно се извршуваат.
Дојдете до саканата
апликација и допрете
Присилно запри за да
го запрете нејзиното
користење.
1
2