User Manual

25
FP,
N.
Ве молиме прочитајте ги
овие едноставни инструкции.
Нивното непочитување
може да биде опасно или
противзаконско.
Изложување на
радиофреквентна
енергија
Информации за изложување на
радиобранови и специфична
апсорпциона стапка (SAR).
Овој мобилен телефон - модел
LG-P350 е дизајниран за да ги
задоволува безбедносните
барања за изложување на
радиобранови. Овие барања
се базираат на научни упатства
кои вклучуваат граници на
безбедност потребни да ја
гарантираат сигурноста на сите
лица, независно од нивната
возраст или здравствена
состојба.
Во упатствата за изложување
на радиобранови се користи
мерна единица позната како
специфична апсорпциона
стапка или SAR. Тестот
за SAR се спроведува со
употребување на стандардни
методи при кои телефонот
емитува на највисокото
потврдено енергетско ниво на
сите користени фреквентни
појаси.
Иако постојат разлики помеѓу
нивото на SAR кај различни
модели на LG телефони,
сите тие се дизајнирани да
ги задоволат релевантните
мерки за изложување на
радиобранови.
Границата на SAR препорачана
од Маѓународната комисија
за заштита од нејонизирачко
зрачење (ICNIRP) е 2W/kg во
просек на 10 грама ткиво.
Највисоката вредност на SAR
за овој модел на телефон
тестиран од DASY4 при
поставување на уво изнесува
1.30 W/kg (10 g), а при
поставеност на тело изнесува
1.46 W/kg(10 g).
Напатствија за безбедно и ефикасно користење