User Manual

60 МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ: Секогаш монтирајте го
тркалото така што стрелката на него ќе
покажува во истата насока како и стрелката
на штитникот за тркало. Во спротивно, тркалото
ќе ротира по обратен редослед, а тоа може да
предизвика телесна повреда.
ВНИМАНИЕ: Користете само тркало што е
означено со брзина еднаква или поголема од
брзината означена на алатот.
НАПОМЕНА: Ако случајно се извади внатрешна
фланша, монтирајте ја внатрешната фланша
така што повисокиот испакнат дел (поголемата
страна) е свртен навнатре како што е покажано на
сликата.
Сл.11: 1. Шестаголна завртка 2. Надворешна
фланша (црна) 3. Тркало за абразивно
сечење/дијамантско тркало 4. Внатрешна
фланша (сребрена) 5. Испакнат дел
(повисок)
Поврзување со довод на вода
1. Подгответе црево за вода.
2. Отстранете ја навртката од ракавот на спојката
и протнете го цревото за вода низ навртката.
Вметнете го крајот на цревото во ракавот на
спојката, а потоа стегнете ја навртката.
Сл.12: 1. Црево за вода 2. Навртка на ракавот на
спојката 3. Ракав на спојка
3. Поврзете го цревото за вода со доводот на
вода.
При поврзување со чешмата за вода, користете
соодветен конектор како стега за црево или
приклучок за славина.
Сл.13: 1. Стега за црево 2. Приклучок за славина
3. Црево за вода
НАПОМЕНА: Спојката зависи од обликот на
чешмата на којашто поврзувате. Подгответе
соодветна спојка купена од продавница.
НАПОМЕНА: Доколку користите приклучок
за славина, подгответе друг ракав на спојка и
прикачете го на другиот крај на цревото.
НАПОМЕНА: Кога користите пумпа за вода,
следете ги упатствата од вашата пумпа за вода за
да ја поврзете со цревото за вода.
4. Турнете го ракавот на спојката во отворот за
вода додека не се заклучи, при што ќе се слушне
звук.
Сл.14: 1. Ракав на спојка 2. Отвор за вода
3. Славина
ЗАБЕЛЕШКА: Држете ја славината затворена
додека не ја започнете операцијата на
сечење со дополнување вода. За начинот на
дополнување вода, погледнете го делот за работа.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Блокирајте го капакот на
преградата за батерии пред да започнете со
работа.
ВНИМАНИЕ: Работниот материјал држете
го цврсто притиснат на работна клупа или маса
при работењето.
ВНИМАНИЕ: Не вртете го и не форсирајте
го алатот во засекот, во спротивно, може да
дојде до преоптоварување на моторот или
кршење на работниот материјал.
Сечење
ВНИМАНИЕ: При работата, не ставајте го
алатот повисоко од висината на рамената.
Сл.15
Цврсто држете го алатот. Фатете ја рачката со
десната рака, а држачот со левата рака. За да
се спречи струен удар со случајно сечење на
електричниот кабел, секогаш држете ја рачката на
предвидениот дел, како што е прикажано на сликата.
Сл.16: 1. Дел за држење
Движете го алатот преку површината на работниот
материјал, држејќи го рамно и напредувајќи полека
додека не заврши сечењето. Сечете праволиниски и
одржувајте константна брзина при работата.
Сл.17
НАПОМЕНА:
Кога температурата на касетата за
батеријата е ниска, алатот може да не работи со полн
капацитет. Во таков случај, на пример, користете го алатот
за полесно сечење одредено време додека касетата за
батеријата не се загрее до собна температура. Потоа,
алатот може да работи со својот полн капацитет.
НАПОМЕНА:
Ако изведбата на дијамантското тркало
почне да опаѓа, употребете стар, груб брусен камен
за тркала или бетонски блок за да го наострите работ
за сечење на тркалото. Острете со меко притискање
на надворешните рабови на дијамантското тркало.
Кога се дополнува вода за време
на сечењето
ВНИМАНИЕ: Кога користите дијамантско
тркало од влажен тип, секогаш дополнувајте
вода додека сечете.
Поврзете го алатот со доводот на вода и завртете
ја славината во насоката на стрелката, како што е
прикажано. Нагодете ја позицијата на славината за
да се добие умерен млаз вода.
Сл.18: 1. Славина
ВНИМАНИЕ: Кога дополнувате вода,
секогаш држете ја главата на алатот пониско
од телото на алатот за да спречите водата да
навлезе во механизмот на алатот. Во спротивно
може да дојде до струен удар.
Сл.19