User Manual

90 МАКЕДОНСКИ
Комплет со чаша за прав
Опционален додаток
Пред да го монтирате комплетот со чаша за прав,
ако на алатот е поставена бургија, извадете ја.
Монтирајте го комплетот со чаша за прав на алатот,
така што симболот
на чашата за прав да е
порамнет со жлебот во алатот.
Сл.26: 1. Симбол 2. Жлеб
НАПОМЕНА: Ако поврзете правосмукалка на
комплетот со чаша за прав, извадете ја чашата за
прав пред да ја поврзете правосмукалката.
Сл.27: 1. Капаче за прав
За отстранување на комплетот со чаша за прав,
отстранете ја главата додека го повлекувате штитникот
за главата на дупчалката во насоката на стрелката.
Сл.28:
1. Бургија 2. Штитник за глава на дупчалката
Држете го долниот дел на чашата за прав и извлечете го.
Сл.29
НАПОМЕНА: Ако капачето се откачи од комплетот
со чаша за прав, прикачете го со испечатената
страна нагоре, така што жлебот на капачето
да се вклопува со внатрешната периферија на
прикачувачот.
Сл.30
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете ја
страничната дршка (помошната рачка) и цврсто
држете го алатот за страничната дршка и за
дршката на прекинувачот во текот на работењето.
ВНИМАНИЕ: Секогаш проверувајте дали
работниот материјал е зацврстен пред да
почнете да работите.
ВНИМАНИЕ:
Не повлекувајте го насила
алатот дури и ако се заглави бургијата. Губењето
контрола може да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ: Системот за собирање прав
е наменет само за дупчење во бетон. Не
користете го системот за собирање прав кога
дупчите во метал или дрво.
ВНИМАНИЕ: Кога го користите алатот со
системот за собирање прав, погрижете се да го
прикачите филтерот на системот за собирање
прав за да спречите вдишување прав.
ВНИМАНИЕ: Пред да го користите
системот за собирање прав, проверете дали
филтерот е оштетен. Во спротивно може да дојде
до вдишување прав.
ВНИМАНИЕ: Системот за собирање прав
го собира правот што се создал во значителна
количина, но целокупниот прав не може да се
собере.
ЗАБЕЛЕШКА: Не користете го системот за
собирање прав кога дупчите со јадро или
длетувате.
ЗАБЕЛЕШКА: Не користете го системот
за собирање прав за дупчење во влажен
бетон или за употреба во влажна средина. Во
спротивно може да дојде до дефект.
НАПОМЕНА: Ако касетата со батеријата е на
ниска температура, способноста на алатот може
да не биде целосна. Во ваков случај, загрејте ја
касетата со батеријата користејќи го алатот без
оптоварување одредено време за целосно да се
достигне способноста на алатот.
Сл.31
Ударно дупчење
ВНИМАНИЕ: Доаѓа до голема и ненадејна
вртлива сила што делува врз алатот/бургијата
кога ќе дојде до продирање на дупката, кога
дупката ќе се затне од распрсканите честици
или кога ќе удри во армирани шипки вградени
во бетонот. Секогаш користете ја страничната
дршка (помошната рачка) и цврсто држете го
алатот за страничната дршка и за дршката
на прекинувачот во текот на работењето. Во
спротивно, може да дојде до губење контрола врз
алатот и потенцијална тешка повреда.
Поставете го копчето за менување на режимот на
активноста на симболот .
Ставете ја бургијата од дупчалката на саканата
локација за дупката, потоа извлечете го активаторот
на прекинувачот. Не форсирајте го алатот. Ако
користите благ притисок, ќе добиете најдобри
резултати. Одржувајте го алатот во позиција и
спречувајте да се лизне настрана од дупката.
Не применувајте поголем притисок кога дупката ќе
се затне со делканици или честици. Наместо тоа,
работете со алатот во празен ôд, а потоа делумно
извадете ја бургијата од дупката. Повторувајќи го
ова неколкупати, дупката ќе се исчисти и може да се
продолжи со нормално дупчење.
НАПОМЕНА: Бургијата може да почне чудно да
ротира кога алатот работи беа оптоварување.
Алатот автоматски се центрира во текот на
работењето. Ова не влијае врз прецизноста на
дупчењето.
Делкање/ делење/ демолирање
Поставете го копчето за менување на режимот на
активноста на симболот .
Држете го алатот цврсто со двете раце. Вклучете го
алатот и лесно притиснете го за да не скока наоколу
неконтролирано.
Ако многу силно го притиснете алатот, тоа нема да ја
зголеми ефикасноста.
Сл.32